згазне (св.)
Пред тебе клетва ќе ветам; Албанецот нема да згазне на зборот и лага не ќе е клетвата света"!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Замавнало маченцето со опавчето и ја соборило мувата на земјата. Потоа со ножето ја згазнало.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
— Не бојте се, им вели Никифор, некои камења се истркалаа. Чипаво биле застанати, вели, и кога згазнав се урнаа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И, едно згазнување, ни се кренаа нозете пругоре.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ми доаѓаше да се втурнам кон вратата, да истрчам на улица, некој камион да ме згазне, за да не постојам веќе.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тоа е како нешто кое во некое ќоше на животот никако не привршува со умирање, како оној човек на Буцати кој, враќајќи се дома ноќе, поминувајќи низ ходникот, згазнува лебарка.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Човекот станува и во ходникот наидува на лебарката која сѐ уште прета. Ја згазнува дефинитивно.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Добиваше желба понекогаш, се обидуваше да ги згазне со својот точак за сотирање гулаби, но невозможно.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Нѐ попадна во очај како вчера. Сега, веќе згазнат на едно скалило, веруваше дека во мракот ќе го најде и следното.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тој веќе имаше потреба да згазне на првото скалило од својата имагинарна скала.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ете, го облекла; ќе го носи додека не се врати, и најпосле ќе ја објасни својата постапка како единствена можност да му се згазне на опашот на машкиот шовинизам!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Па, да ти кажам искрено, Ема, - Ирена тука малку подзастана за да згазне врз една празна лименка фрлена на патот, а потоа да скине ливче од грмушката што растеше до тротоарот, - понекогаш по малку навистина замирисуваш.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Како извор како глечер што под карпата се буди Искачен на лесни нозе а со копита од кремен Облак пенлив што го знае секој камен секој срт А по дното на поилото само еднаш кај ќе згазне растат млади месечини.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Неговите скрипти ги згазна коњот со копитото, како свесно да знаеше дека токму така треба да се држи спрема него, да му се потсмее презриво за сета мака што повеќе од едно десетилетие го превива над смислата на овие извалкани и побледени табаци.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Мина преку терасата и околу оградата од грумушки трендафили, и тогаш нејзините стапала, обуени во сандали со ремчиња, нежно згазнаа на тврдиот, како килим, тревник помеѓу трендафилите и портокаловите кринови, кои со своите трубички беа отворени кон сонцето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Босонога загазувам пратена од фенерот на тој вечен патник на небото, Јас и месечината во ноќта...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Погледот од кон облаците да го насочи кон земјата, за повторно да не згазне на глог, да не залета да гризне од некое забрането овошје.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Александар го истера валцерот речиси беспрекорно – само три пати ѝ ги згазна црвените штикли на Бојана.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
- Чекај, застани малку, - настојуваше Рада да ја смири веќе изнервираната Роска. Симни се и згазни цврсто на земја.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)