згрутчи (св.)
Истрчав долу. Заграбував од снегот, го згрутчував и загризував од него како да беше јаболко.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Здивот ни се собрал и сѐ повеќе се згрутчува и тежи.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
По извесно време на сите здивот им се згрутчи, им запре, срцата им премреа, кога одненадеж одекнаа неколку експлозии едноподруго и се занишаа прозорците на куќите.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Може да беше некоја згрутчена светлина од снегот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со војувачка итроштина замавнал кон темето на соговорникот. На луѓето им се згрутчил здивот в душник. Но другиот ја очекувал опасноста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Единствено, кога ги прелетувам со очи записите ми навира дека во мене се згрутчило нешто од гнев што татко не се враќа кај мајка и Лена туку оди во бурделот ( таква мисла ми лебди) на Нанчо.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Мир не ми даваше портретот со лузни, со жестока болка згрчена врз хартијата, згрутчена во боите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Нешто ми недостасуваше, а не знаев што... Се згрутчив, се стопчив, ама не се стоплив.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)