здивне св.

здивне (св.)

Само вака што ќе украдам — да се одморам малце, да здивнам...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Најпосле здивна малку кога се сети на Најда Коџабашијата, кој беше човек умен и разбран.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја ведна главата покорно и уште попокорно ѝ нарача на снаата да им стави вечера, го нагости арамијата, поприкажува со него и кога стана овој, дедо Бошко си рече дека ќе здивне.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го намести буклето под тенкиот шупур на кладенчето и отиде кон шумичката да седне под сенка и малку да здивне од горештината.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе те плисне ветерот, ќе проструи свежина и ќе здивнеш слободен од некаква тежина.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
А тиа, штим-мајсторите на судбината, беа мали, не смееја да ги свртат кон мене валтерите, беретите и колтовите. Навистина можев да здивнам. Привремено.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги симна полека штиците, ги нареди на скелето и така испотен и задишан, без да здивне му се сврте на работникот и му рече со зарипнат глас: - А ти зошто навредуваш?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нив тој ниеднаш не успеваше да ги најде и да ги погледне отворено; кога ќе ги побараше, застанат за да здивне, тие просто како да се стркалуваа, притискајќи се зад стеблата, за да наизлезат оттаму уште веднаш, штом ќе заминеше во новиот залет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И така беше го поминал целиот бел свет, оној старец, оној бригадирот Језекил, сиот бел свет, кон кого имал толку малечки барања онаа првата утрина, кога заминувал првопратено; со една тајфа тој отиде дури и во Канада, но ни онаа, другата страна отаде Океанот не сакала ни да чуе да биде малку подарежлива спрема него, и сега веќе не постоеше нидно место на светот, кое што не беше запознато со тој заговор: на она ситно човече од мајсторските тајфи да не му даде ништо повеќе само толку колку што му беше најнеопходно, не водејќи сметка за неговите крвави соништа барем еднаш да може малку подолго да здивне, барем еднаш малку да подзаборави на својата тешка копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш почуствува глад. Мислеше дека ќе биде добро едно кусо здивнување и за него, а и за пилата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Долго препишуваше и најсетне обете олеснето здивнавме.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Постојано пренесуваме од еден на друг: „Пст! Тивко!“ Запираме, здивнуваме, малку и ослушкуваме наоколу.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Братучедите, одвај дочекаа да се повлечат на своето место над карпата каде што можеа да здивнат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А таа радосна оти малку ќе здивне од копањето оди и ни носи. Таа носи, ние пиеме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште сум со она чувство дека здивнувам од онаа корупка, моето тело, од која најпосле се ослободив.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во Федерацијата, најпосле, можеа да здивнат. Во јужната република беше решено најзначајното стратешко прашање на развојот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Застани малку и здивни“, рече мајка ѝ .
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Засади ги подземните цветови на вербата пред малиот бог во тебе да изврши харакири, за срцето да здивне во сенка од разум и нежност на дофат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Го навади прво со својата пот коренот, а потоа седна под неговиот уште кревок стеблак и здивна: пак имаш сенка, синко Митруше.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Значи, тамам почнав да мислам кои градови и држави сум можела да ги научам играјќи ја играта, а да се поврзани со Индија се сетив на првата грешка што ја направив со Игбал при запознавањето и решив да му признаам: - Не знам ништо за Индија – реков искрено и олеснително здивнав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Повеќе