злонамерен (прид.)
Меѓутоа само во позитивна смисла. Во смисла на креативност. Сѐ друго е искомплексирана злонамерност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Едно лесно го отфрли злонамерниот дел од неговата сугестија, но не пропушти да го прифати делот што му ја дополнуваше веќе крокираната претставата за Петра.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Вториот глас, овој пат ќе го премолчам. Беше толку злонамерен што веднаш решив да го тргнам од умот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ве ослободивме од обвинението дека изнесувате злонамерни клевети за високи преставници на власта.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ниту пак зошто почна да ја смета за злонамерна – таа отсекогаш била за Македонија.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Меѓутоа, треба да се истакне дека уште првиот ден кога тој се враќа на работа – веднаш, тенденциозно и злонамерно, е испратен на принуден одмор од три месеци (со плата од 70%).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Според МОТ мобингот претставува: „навредливо однесување кое се манифестира преку одмаздољубиви, сурови, злонамерни и понижувачки обиди да се саботира поединец или група вработени.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Граѓанските партнерства во Вермонт, машките извиднички организации на расправа во Врховниот суд, ракоположувањето на геј- епископи од Епископската црква, оставките на геј- гувернерите во Њу Џерси, уставноста на законите за содомија, гејовите во војската, подемот на поларизаторските „клин- политики“, геј- браковите и низата уставни измени со кои се редефинира бракот, а да не зборуваме за позитивната дискриминација, за кривичните дела побудени од омраза и за положбата на малцинствата: сето тоа беше и тоа како доволно предметот, кој и понатаму си го предавав секоја втора година до 2007, да стане траен и неодолив предмет на коментари, и покрај сите мои усилби да го држам подалеку од вестите. (Сакав да го заштитам Универзитетот на Мичиген од злонамерен публицитет).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)