зол (прид.)

Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
- Земјоделци, служители на Деметра баш така шепотеа за гласот зол, а жените, штом чуја, писнаа од силна мака и коси корнеа од бол.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не е моја работа да барам дали некој зол демон на Бугарија ни ги има направено сите лошотии бугарски нам на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зашто тие се голи и боси, туку и зли се како оси, ако ги разлутиш...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Професорите од жолтата гимназија, луѓе сиви и без разбирање за сиот живот околу себе, и жителите на безизлезната улица, ситни во своите страсти за кои најголем настан по некоја светска војна беше апсењето на стариот Адам, не ми беа разбирливи, во нив не го видов она што е спротивно на злото иако многуте не беа зли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Самоистакнувавање пред други и чудни, често зли постапки од долга здодевност или немаштина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чекав да удри гром, да плисне порој, да дојде глутница седништа, за да ја покажам својата гусарска нарав, зол секогаш, сегде, кон секого.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А Нешка одеше, си работеше што ја повелаше мајка ѝ и татко ѝ и сѐ некаква зла волја ја потискаше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Заседата на ноќта го улови неочекуваното, го стисна в стапица, изгубен и недооформен за судрување го покри со влага, сам пред смрт, без сведоци, во таа ноќ кога сите оџаци кобно згрчени над него како зли богови, како птици што ја чекаат својата жртва.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тие секоја година носеа таму со товари жито, брашно, грав, сол и други продукти за јадење, да им се најде во зол час, кој ете сега настапи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Неговата крв беше врелост на зол вепар. Нејзината кожа прскаше од напнатост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И се прашуваше: љубомора, што е тоа? Наоѓаше дека Шекспировите јунаци се болникави и зли како јарци. Љубомора, што е тоа?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но од тоа слепило зрачеше некој внатрешен вид - црн и недомолив, зол. „Дојде ли да решуваш гатанки?“ извлече тој од некоја фиока во себе а Отец Симеон забележа лек трепет под едното негово око.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И во тесната прозоречка рамка се згустуваат зли, презриво горди, полни со бездушна иронија очи: „Ха, тоа си ти, херој!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Има друг еден, зол по карактер и високо изговара со грлен глас навредливи зборови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Керим е зол, темерут и одмазднички жесток.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И имало тоа девојченце зла маќеа, која секој ден го испраќала голо и босо по ридиштата, да собира дрва.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
24. СО АРЕН ДРУГАР И ВО ЗЛО ВРЕМЕ - тоа ти е тоа предимство на бракот: заеднички се поднесува едно исто бреме при преселувањето од светлото во мракот...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
19. СИТЕ ДЕВОЈКИ ДОБРИ СЕ, НО ВО ЗЛИ СЕ ЖЕНИ КОТАТ - од памтивек таква преѓа на седенките се преде.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
И паметни и улави, зли и благородни, од сите сорти.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повеќе