игнорантски (прид.)
Да сведочи за трауматските епизоди на лузерската индивидуа, за игнорантските стампеда на масите, за виртуалните триумфи на тираните, за голготата на хуманистите или луцидноста на мудреците?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Овој пат таму, крајно игнорантски и безобразно, му е кажано дека „може слободно да тужи“ – алудирајќи на претходните „случаи“ како него, кои исто така тужеа но го изгубија спорот останувајќи изиграни и од судот и од тужената странка, која нели е во државна сопственост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Веќе увидовме дека пред да се реши на овој чекор за судска заштита, Авдиќ неколку пати добронамерно се обиде да воспостави контакт со директорот, меѓутоа наиде на арогантен, крајно непрофесионален, дрзок и игнорантски однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Откако наидува на крајно непрофесионален, дрзок и игнорантски однос од претпоставените и откако увидува дека е изманипулирана и практично не постои можност за вонсудско решавање на спорот, таа – заедно со уште десетина работнички 282 кои се најдоа во ист кош, а охрабрени од позитивното искуство на некои работнички од истото трговско друштво, кои уште од порано се одважиле спорот да го решат по судски пат – решаваат, во јули 2009 – та, да поднесат колективна тужба против нивниот довчерашен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)