избави (св.)

И сичкии слушале: „Пресвјатаја Богородица да покаже некое чудо за уверение, зашто немам кабахат. Ја да се избавим от ова осуждение и клевети“.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Дали ќе видите некој сон оти јас се избавив од улавото море што ќе ме удавеше?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Некое време сетил оти е на суво и станал просто та се избавил.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Како и да е, но одделувањето наше од Бугарите ќе ни даде можност критички да се однесуваме кон бугарските работи, а не слепо да ги копираме и да насадуваме во Македонија, наместо национализам, социјализам, како што го правела тоа Внатрешната македонска револуционерна организација. 89 Значи, одделувањето на нашите интереси од бугарските, покрај другото, ќе нѐ избави од положбата како мајмуни да ги копираме бугарските непромислени постапки и на вера да ги примаме бугарските уверувања дека Бугарија е нашата арнотворка, а Русија нашиот најголем непријател; тоа ќе развие во нас критички однос кон нашите и кон туѓите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За наша среќа, овој пат ние се избавивме од дележот на нашата татковина и Турција од загубувањето на една од прекрасните свои провинции.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И помагаше по некој пат кај кајмакамот со своите интервенции и не еден мариовец беше се избавил од разни беди, благодарејќи на овој ага.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така мирните луѓе од овој крај се избавија од големото зло што секоја ноќ им беше виснато над глава.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
За среќното избавување на Анѓа се приреди кај нив веселба, пиење – јадење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Глигор будно ги следеше како гаснат шумовите и потоа се вовлекуваше под одарот на Арсо и со упорност на кртица ја прегризуваше пречката што го држеше апсанџискиот свет откинат од онаа слободна широчина во којашто луѓето ја заплеткале својата судбина во нечии мрежи и ги кинат полни со верба дека има избавување и дека сето тоа е можно да се постигне. Да се излезе од овие ѕидишта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Него, преку влевање на лажна надеж, со подавање на врбови гранки, божем за да го избават од сигурната пропаст, чупата Перуноска и Владимир Акиноски целиот тој ден го измачуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како да сум излегла од жива кал, од мочуриште. „Ако не сака господ да те загуби, велеше мајка, сѐ ќе се најде нешто да те избави.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Всемог бог не ќе нѐ избави од опакост.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекале неговиот стопан Никифор Ганевски со нож да го избави од маките. Премалувале од глад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Била преморена, нејзиниот од повремено минувал во несигурно трчање - гласник е што и по цена на животот се напнува со последна жиличка да му предаде на таборот на кој му припаѓа со душа претсмртна вест, да го избави од грижи или да го предупреди, битката сѐ уште тече.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Козарите кои се избавија од големите селски работни задруги, сега, слезени од планините, според татко ми, се најдоа во стапица.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ти, единствена што го дослушуваш мојов шепот, ти што пред малку не избави од скаменувањето, не одземај ми го од раце суштеството што ја зароби мојата прва љубов, распарај ги смрачниниве и лилјаците и дигни ги видиците пред нашиов далечен пат!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Вака, според устата на Лествичникот, му рекол: „Дојди синко единствен (тоа особено го нагласи, но тогаш јас не сфаќав смислата на таа нагласка), и избави се од неправдите што ти ги нанесоа поради Филозофот, и името ти го одзедоа: дојди и види што има во гробот мој!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се почувствува фат на човечка рака и, благодарноста на бавчата што ѝ пружам нега и што ја избавувам од заборавот, што ја враќам во живот, ми се искажуваше секој ден.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Всушност мене ми недосатасуваша проценката на последиците од кои би можело да ме избави самоуништувањето?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе