избоде (св.)
IV Во ова царство на мажи и без царови Да му се поклонуваат сите на ножот В раце што го стегаат овие црни беласици И кории; Со него сите очи да им се извадат; Во онаа провалија долу И телата со него да им ги избодат - На опинчарите на рибарите на брсјаците Да остане ова царство пусто И само камен Црн гол камен да се народи Името под себе да ни го чува Внуците да ни ги откопаат Со нив и ние да векуваме.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Човек има избоден душмански со ножови.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Бил фатен од Турците, врзан за некоја бука под Чукарот и избоден со ножеви.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Веднаш потоа стоката нагрна кон кошарата, а тој имаше голема мака да ги задржи, да не дозволи да се избодат и изгазат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се колнам, видов како душмански го погледна во тој миг, да можеше со вилата ќе го избодеше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Го изведоа со крваво лице, избоден.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Разбирање немаше, зашто одново заживеа злата крв што во нивната фамилија влечеше корен од порано: нивните дедовци (браќата Видан и Блашко) при делењето на куќата и дворното место, зафатија кавга околу орешката што беше на меѓата: и едниот тврдеше дека му припаѓа нему, и другиот; започна жолчна караница во која обајцата се избодија со ножеви и обајцата подлегнаа на раните; ги закопаа во гробиштата еден крај друг во семејната парцела - како браќа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Имаше една книга од Роналд Сирли наречена „Женскиот приод”, со цели серии на стрипови за Убавиците на Св. Тринианс, женско училиште полно со деликвенти кои меѓусебно ќе се избодат со ножици.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ќе ја врзе гола за столб и ќе ја избоде со стрели како Свети Себастијан.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ние децата на самракот што меко легнува во ходникот Ние што ѝ тежиме на тежата на земјата Ние што љубиме од љубопитство Ние што не признаваме владетел во зборот формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на паднати борци со шестари в раце Ние со центарот в срце Ние избодени од игли Ние што кротко се собираме во црно-белата слика Ние од портретот групен формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на ветрот со очи во темната шума Ние громобрани на очајот развлечени во поворка Ние што подаваме рака над космичката постела Ние - тајната на светот формираме Независна Илегална Единица Пророк
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)