избрзан (прид.)
Наспроти поплавата избрзани реченици во себе, пред него молчеше, вдишувајќи нагло врел воздух.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Овде ризикуваме по малку избрзан „редукционистички” одговор, што секако би требало пошироко да го разгледаме и да ги сместиме тие три етапи во пропорции со трите етапи на она што би го нарекле либидинален концепт за субјектот во граѓанското општество на XX век: постои индивидуумот на „протестантската етика”, потоа хетерономниот „човек на организацијата” и најпосле денес надмоќниот „патолошки Нарцис”; меѓутоа, ако така наречениот „слом на протестантската етика” паѓа во триесеттите години, тогаш во текот на педесеттите години „човекот на организацијата” почнува да отстапува пред „патолошкиот Нарцис”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тој одговор е избрзан бидејќи иако на таа стварност ѝ недостасува густина, можеме да бидеме сигурни дека во иднина техниката ќе биде способна точкастите елементи да ги прикаже токму со онаа густина што нештата ја имаат во нам дадениот свет.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Но ете, таа дојде кај нас, побара некоја неодредена и нејасна помош, го стори и тој чекор за кој неупатениот веројатно ќе помисли дека бил избрзан па дури и недоволно обмислен.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но токму сентименталноста знае да ја поттикне избрзаната реакција која по правило е предводена од непромисленоста па дури и глупоста.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Одлуката на Иван навистина ја сметав избрзана!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се обидов да го разуверам. Спомнував некои од моите негативни искуства како резултати на избрзани решенија.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во тие солзи Томо го прочита сето нејзино каење. Нејзината младешка незрелост и избрзаност.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)