извози св.

извози (св.)

Земјите што извозуваат капитал го поделија меѓу себе светот, во преносна смисла на зборот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Лансбург извлекува од тие факти смешен малограѓански морал: дека извозот сврзан со заеми е несигурен и нерамномерен, дека не е добро да се извозуваат капитали во странство наместо „природно“ и „хармонично“ да се развива во домашната индустрија, дека на Круп „скапо“ му чинат милионските бакшиши при странските заеми итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Доаѓаа и девојки, и ние се правевме важни; најпрвин тој ќе ја извозеше целата патека за рекордно време, а потем јас ќе возев на едно тркало само на рамниот дел од патеката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пробај со точак, или не дај боже со бебешка количка, да извозиш од Соборна до Трговски.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Срам -несрам, си влегов и се извозив до долу заедно со нив, ама ич не им попречив гледајќи го дејствието на 3 огледала поставени на страните и одозгора, како во бесрамна спална соба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Знаеше во текот на претставата вешто да ја извози публиката на патешествие со многу такви пресврти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)