изгледа (св.)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
По студ, по мраз -туѓи прагови миеле само Костадина да го изгледаат.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Беличот го изгледа гневно, но не му рече ништо.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Мече го изгледа зачудено и застана. – Каде ќе одиме? – Не прашај, туку брзај – нетрпеливо го потргна за рака Беличот. – Ќе ти кажам нешто.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Светлокосиот се тргна од мисли и се сврте, го изгледа за миг и рече остро: - Заколни се дека нема никому да кажеш?
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Доста ќе си го изгледа; Митра ќе си остане со палењето на свеќата и така ќе се сврши таа работа без греј, ни нејзе, ни мене.“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Откако ги изгледа двата лика наизменично, му рече на Арслан на каурски: – Погледај го ова лице, Арслан! – и му ја покажа Анѓа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Анѓа ја изгледа потурчената Митра со сожалување.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Докторот Петриќ го изгледа презриво дајреџијата, кога овој извади да плати и силно го удри по раката со зборовите: - Ајде бре, копук...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Љубопитно ја изгледа, не ја доврши мислата што се роди во него за цената што ја платила за крзното, ја прегрна.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Младичот ја изгледува собата, потоа Ивана и Фезлиев, во чии раце сѐ уште се наоѓаат револверите.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ги изгледа двајцата од главата до петиците. Рече: - Лајна низаедни.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ти ме изгледа, ти ме израни, шо ќе речиш ти, тоа нека биде. Јас твојот лаф не го газа, нели знајш.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ете, вакви луѓе требе царот да има, та да не се буни рајата, — му рече Толе и убаво го изгледа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јован го зеде кафето од дизгот и го изгледа Катето од глава до петици. Убавко му се виде.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да не си се препознала, Велико, вели. Јас ја изгледувам и си ја свртувам главата. И повеќе никогаш не ме праша за Неделка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Жените се борат колку што можат да ги изгледаат децата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
До тој ден некако и може да се следи по нешто од животот на Рубина Фаин, а ние никогаш не ќе знаеме како изгледала таа тогаш во бегството од Стамбол, пред тоа или по тоа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Го обзеде желба не толку да се оддалечи од Џулија, колку да се врати назад во кафеаната „Кај костенот“, која никогаш не му изгледала толку привлечна како во тој момент.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Логотетот потстана, нѐ изгледа од сите страни и потем рече: „Господе! Каде бевте сето ова време?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)