изгравира (св.)
Внимателно го крена ’рѓосаното железо, изгравирана глава на лав, што висеше на она крило од портата кое не се отвораше при секојдневната употреба и околу кое беше напластен од страните мов, а од долната ивица, напролет никнеа тревки.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На внатрешната страна од капакот е изгравирана една благодарствена реченица наменета за херојот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Долгнавест муаџир со бербатна чалма несмасно навиткана, длабоко изгравиран со дебели нечисти брчки и со очи толку вдлабени во главата, та личеа на дупки во коишто одвреме-навреме проблеснуваа само белките, со лице исушено, глуждесто и аглесто, пушташе необични лаги, та оние што се тискаа околу него самодоверливо потврдуваа со главите или со поглед, верувајќи или сакајќи да веруваат во тоа што беше само убава измислица и мечта.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Под сребрениот капак со изгравиран жерав времето се одмотувало кон својот бескрај оставајќи ја зад себе смртта на своите стопани.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тоа е книга за една мајка, авторовата мајка, лик филигрански изгравиран врз златната подлога на авторовата проникнувачка реч.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Да го споменеме уште и прстенот со изгравиран грб на домалиот прст.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На времето, на трудбениците кога ќе наполнеа десет години стаж во кое и да е претпријатие им подаруваа рачен часовник со изгравирана благодарност за несебичното залагање и личниот придонес кон напредокот на претпријатието и на државата.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Тој никогаш не примети дека има помалку од малите локумчинја распоредени во убав изгравиран стаклен сад.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)