изедначи св.

изедначи (св.)

Од сите преброени факти се гледа големата штета за нас Македонците од тоа што ние, или барем мнозина од нас, ги изедначуваме досега нашите интереси со општобугарските.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од нив да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритмот на животот според Неговите формули - класово изедначување на расите и...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Какво неразбирање! Мудроста да не се очајува што не можат секогаш да се ускладат желбите со можностите - таа ја изедначува со бедата на христијанското помирување...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога беа на она место, каде што виделината на тој спрпелкан ден сосема се изедначуваше со врнежот, оние двајца толку се затскрија зад густата чипка на развиорените котолци на снежинките, што тој сега сети и како го штипкаат очите од таа напната и упорна загледаност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И намерно не знаат како се викал, едни го крстат Григорие други Георгие, и намерно не знаат ни од кое колено на Акиноските бил, дали од првото што се доселило во Потковицата или од некои од подоцнежните (и покрај што настаните, видовме, укажуваат на првото, врзано е за првите доселеници Турци во Потковицата, конкретно за Арслан бег, но кога човек ќе му обрне внимание на тоа, тие, за да му дадат уште поголема зачуденост на сето ова, за да ја изедначат сета таа историја со божје претсказание, си плукаат во пазувите, крстејќи се бошотат нејасни зборови и избегнувајќи да одговорат или да го продолжат разговорот, итро и брзо ја менуваат темата) но бил стар, мошне стар, и праведник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Грев беше да се убие птица, убиството на птица беше изедначено со злостор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Боже, зар ни е судено овдека да нѐ јавне староста, што се вели, и сите да нѐ изедначи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бледата светлина од ламбите на голите ѕидови им ги отстранува цртите и им ја изедначува бојата на лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Меѓу жителите на Рајските острови владее поделеност – „Федералистите“ и „сепаратистите“ засега се изедначени.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ножот би го симболизирал пенисот, а смртоносното оружје како што се ножиците или бајонетот би ја изедначило смртта со инцестот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Помеѓу реченицата G и теоремата на Гедел, секако, не може да се стави знак за еднаквост, исто како што не може да се изедначи реченицата на Епименид со забелешката дека „Реченицата на Епименид е парадокс“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во петте дела кои можат да се наслојуваат: 31’ 57.9864’’ и 34’ 46. 776’’, двете за пијанист, 26’ 11. 499’’ за гудач, 27’ 10. 554’’ за тапанар и 45’ за говорник (броевите во насловот на делото го означуваат неговото траење во минути и секунди), Кејџ користи заедничка структура при организација на времето изедначувајќи го текстот што го чита говорникот со музичката композиција (текстот поседува освен вербални, и фонетски и гестикулирачки квалитети).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И новото изедначување на правата на животните и луѓето, на кое инсистира длабинската екологија, треба пред сѐ да го менува статусот на животните како сопственост, така што животните да не се штитат поради интересите на луѓето туку поради своите сопствени интереси и инхерентните вредности.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во дваесеттиот век фотографскиот поглед е изедначен со природата, дури фотографската слика се смета за пореална од самата реалност. okno.mk 55
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во автобиографската трилогија Electronic Diary, Lynn Hershman, исто така Еврејка, всушност ги автоанализира корените на нејзиниот подјадувачки психички, сексуален и емотивен неред, злоставување и инцест, и резултатите ги изедначува со космологијата на Хитлер, вампирите и преживеаните од Холокаустот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Поделбата во општеството на маси и елити не е, значи, поделба на општествени класи, туку на класи луѓе, па затоа не може да се изедначува со хиерархијата на повисоки и пониски општествени сталежи”, повторно го наведувам Ортега и Гасет. 50 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Потоа со дурија ископаа да се изедначи и така ја подготвија леата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Страшен збор, кој еднаш изговорен, засекогаш нѐ врзува и нѐ изедначува со сѐ она што сме, го замислиле и што сме го рекле и со кое никогаш не сме ни помислувале да се изедначиме, а всушност, во себе, одамна сме веќе едно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Меѓутоа, во теоретски поглед тие ниту можеле и ниту сакале да се изедначат со своите учители.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Свесен беше дека со тоа, а и со своето упорно практикување на новите пристапи во дијагностичката и тераписката практика сѐ повеќе се оддалечува од своите колеги, а пред сѐ од својот шеф, кои сите заедно не само што се каеја дарувајќи го со незаслужени титули и на тој начин го изедначиле да им биде (пак незаслужено) рамноправен, туку и сѐ погласно се обидуваа да го дискредитираат во лекарските кругови и да го прикажат како шарлатан од најдолен тип, кој со вербална вештина се претставува за она што не е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе