излезен прид.
излезе св.

излезен (прид.)

КОТЕ: Ама што, се плашиш? Ич, пуцко да си! Уште волци не се излезени, а и излезени да се, Панде сите ќе ги зобне.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Овде-онде распукани, парчосани олуци, како нечисти крпи одамна излезени од употреба.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Митко и Сашо се сами дома. Мајка им е излезена и нема да се врати до вечерта.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
МЕТОДИ: (Уплашен, збунет, тажен, го зема писменцето и тешко, бавно, трга кон излезната врата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А сега на работа. (Го повлекува со себе кон излезната врата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Го зема за раменици и го води кон излезната врата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тоа знаеше честопати да застане пред излезната врата и толку бесповратно да чезне за надвор со оние свои очиња, така што тој можеше само да му отвори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А душата уште неизлезена. Стегнал заби и не ја пушта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето седат на лединките и сега си кажуваат за ти реков, ми рече, за што било и поминало. Како да се покрсти излезени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
1. Да пловиш или леташ Исто е, штом си вон од себе, Излезен од својата кожа, ум, Ако си небесен друм, Упатен кон Севишниот дух И ти дух си, невидлив, молчелив Делче од бескрајот од етерот Од ветерот кој те носи, носи, Тогаш што си? Небитие?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
— Кој умре, прашувам, како од некоја дремка да сум излезена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Цел народ е излезен по нивите, во полето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не ми даваат излезна виза, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дервишите излезени од циркускиот плакат танцуваат во истиот пустински предел, во кој раздразнетата толпа се граба за крвавата слезинка, џигер, бубрези, изгнасени од прав и мравки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Уживам во тоа како низ излезната дупка го извива своето тело заносно мешајќи со својот величествен задник.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа нѐ пушти да излеземе со козите. – Сите кози од маалото со децата и козарите беа излезени, па си реков... – прифати благо таа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
– Да, да, сите беа излезени со козите – потврдивме сите во еден глас.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Уште тогаш неговата мала и кревка родна земја, излезена со неизвесна судбина од отоманскиот тунел, пет века трагајќи по излез од него, со сите рани, лузни на преобраќањата, верски и идеолошки, по сите преселби и битки, му се виде и како плен на сталинистичката идеологија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се мачев во безизлезот во кој се најдов да трагам во сеќавањето по излезните таткови идеи од балканскиот лавиринт.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Може да се рече дека тие беа по исклучок погребани во рисјанските гробишта, макар што некои тврдеа дека Алејата на великаните е излезена од верската линија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе