изнакаже (св.)
И Митра ѝ се довери на Доста. Сѐ ѝ изнакажа, каде и што има, што сѐ работи, што сѐ мисли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Онака усамен, тој не сакаше ништо повеќе освен да има некого од своите стари пријатели, па да му оди и да му изнакаже сѐ.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Тих, тих што ми изнакажа, лебати! И велиш смрди од манџи, а? - Се мешаат многу миризби. Па не знаеш смрди ли, мириса ли.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Откако ја изнакажа целата оваа реченица и пол, Ане го дигна бинлакот и натегна од него завидливо долга голтка - дали да го омекне исушеното грло, дали да го овлажи скоравениот јазик или просто да земе здив пред да се врати на својата природа на молчење.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Го испи пивото, ги изнакажа своите сексуални способности и сам замина накај дома. Сигурно брзаше да се закачи на чат.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
А кога таткото се вратил од печалба, и сиот уплакан од жал по момичката, зашто лошата жена му изнакажала лаги - дошла мечката и ја вратила момичката жива...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)