изнарадува (св.)
Само, човек се прашуваше: кого ли редат луѓето - дали умрените, дали татко им Ѓорета, кој, поради пуста Македонија, ни за нивната свршувачка ни за нивната умирачка не беше тука, ни да им се изнарадува ни да ги исплачи, дали мајка им Илинка, која, во еден миг, како што стоеше на работ од гробот небаре скаменета и без солзи, туку рипна внатре во гробот, го прегрна ковчегот и викаше, молеше, заколнуваше и неа, заедно со ќерките, жива да ја закопаат...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Богдан гледајќи како се витка гола и како се умножува во огледалата, му стануваше уште поубава и поопчинувачка; не знаеше на кој дел од нејзиното тело побргу и повеќе да му се изнагледа и изнарадува; му се чинеше како првпат да ја гледа, како да не е таа Марија, ами некоја самовила што маѓепсува и излудува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Го гледам и не можам да му се изнагледам, не можам да му се изнарадувам на убоста, на красотата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Како ли ќе одвикнеме од тоа и како ли ќе му се вратиме на ралото, на чеканот, мистријата... на тишината, на топлината под топло веленце и на меракот, а мерак е и тоа - да знаеш да гледаш и ѕвезди да броиш и во сено да се прпелкаш и меѓу снопје да се валкаш, на момина коса да погледнеш и длабоко да здивнеш - воздивнеш и да се радуваш - изнарадуваш затоа што си жив...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)