изнасмее (св.)
Едно го виделе Силјана мажот и жената, ги оставиле косите и си проговориле помеѓу си со нивниот јазик и се изнасмеале.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
- Хохохо! - се изнасмеа чичко Лозан чукајќи ме по рамења.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Мајка им на глас се изнасмеа.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Морам добро да се изнасмеам, инаку ќе умрам.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- А, таа? - А таа се изнасмеа и отиде да вози ролшуи со еден мрсулко од шесто одделение.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тогаш, татко ти Добре, најдобриот човек на светот, ќе стане најсреќниот и ќе се изнасмее во солзи – радосници!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Смеата поминува и на нив двете, а откако убаво ќе се изнасмеат одеднаш ќе молкнат како да се пресечени од нешто.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Мразот го скршив и од предметот пеење кога морав да пеам соло што се вели пред самиот класен, оти, иако се изнасмееја сите, а и тој, сепак не ми стави слаба оцена. Како за почеток, вели, добро е!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кога ќе се сетам на времето од пред две – три години и на мојата најголема и најтажна опсесија – дека годините ми минуваат, сите некаде одат во странство, а јас преку граница не сум мрднала, и дека којзнае кога и дали воопшто некогаш ќе ми се случи, ми доаѓа самата себе да си се изнасмеам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
„Васј, Васј", се изнасмеа тој.“ Со воените нема шега. Кај нив сѐ е прецизно како на вага во аптека.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кога сака нешто да каже, бидејќи не може, само ќе се изнасмее со некакво зеење, ќе ја зафрли притоа главата назад, и продолжува да влече. Рацете му се канџи, суви и крвави.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
-Животот умее да ни понуди исти формулации со кои еднаш ќе нѐ изнасмее а идниот пат ќе нѐ расплаче.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Е, тоа навистина најмногу ме потресе но и изнасмеа!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кога доктор Пачев влезе повторно во мојата соба можеби за да натокми уште некој податок во врска со исчезнувањето на Пеперутката, за малку да се изнасмеам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Неа ја сакам..., сакам мали цицки“. Човекот со лузната се изнасмеа уште погласно.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Јас тепам само курви... и Срби“, се изнасмеа наглас и замина.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Фоте сакаше да се изнасмее на нејзината недвосмислена шега, но си ја скрати смеата за да ги пресретне Богевци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ми преостана да се изнасмеам. Полногласно.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ќе помуабетиме, ќе се изнасмееме, а може да падне и песна.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Пријателот се изнасмеа кога го праша како му оди.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)