изохипса (ж.)
На Татко му беше јасно дека во просторот на тихите сини води беа впишани невидливите архетипски изохипси на семејната историја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во тие изохипси на нејзиниот егзил, во сништата на другиот брег на егзилот, во трагичното минување на границите, беше впишана историјата на мајкиниот живот, по која не престанувам да трагам.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сам во самица Составен од изохипсите на векот Се молам, Ве молам, ближни мои, Да го заробиме сонот за жешката магма И да сонуваме, да сонуваме Повторно раѓање.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)