изработка (ж.)
Истовремено, Бодуен-де-Куртене му беше еден од менторите на Мисиркова при изработката и одбраната на дипломската работа (1902), а исто така се залагаше тој да биде оставен на постдипломски студии на Петербуршкиот универзитет.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Другата е искитена и подредна со поинакви и попривлечни работи што при прво влегување збунуваат и занесуваат: ѕидовите, масичките, прозорците и ќошињата се искитени со сликички од секаква големина и изработка: чоколади, од весници и списанија, божиќни и велигденски ангелчиња и светци промешани заедно со татко му на Колчо кога бил војник, со брат му на Танаса, со мајка му на Васе кога била невеста, со татко му на Колета кога го закопувале и, најпосле, со дедо ми - кога на некоја веселба во рацете стиска кренато буре.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тогаш од каде може да го познава тато, кој работеше во фабриката за изработка на цигари.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Касетирањето и обележувањето на наративниот тек и во овој случај е една од режисеровите непрекинати стратегии на броење или врамување (на пример, изработката на 12 цртежи во филмот „Уговорот на Цртачот“).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Кругот од деца се тискаше околу Минк, додека таа ѝ се муртеше на својата рачна изработка од лажици и своевидниот квадратест апарат од чекани и цевки. „Овде, па овде“, мрмореше Минк.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Нема начин да се утврди до кој степен ЛСД придонесе за архитектонското решение, но мое цврсто уверување е дека без искуството со ЛСД многу од овие увиди не ќе беа можни, особено во релативно кусиот рок кој го имав за изработка на проектот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Значењето на изработката на формалните работни модели не е во модерноста на изумот бидејќи веќе од третиот милениум пред новата ера постојат глинени таблици врз кои се впишани знаци што ги препознаваме како модели за канализациски работи.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
За „теорија“ веќе не се смета пасивното набљудување на идеалот, туку прогресивната изработка на модели што можат да се проверат во пракса, значи низ посматрање и низ експеримент.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
- Што е тоа филигран? - Фина, нежна изработка од сребро или од злато што личи на тантела – ми објасни.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Подоцна сосема се забрани и беше издаден ферман целата волна да се прибира од султанот за изработка на облека за војската. Така беше дури не се поништи забраната.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Едното веќе ја наместило фирмата на старата готварница на Паско Бачо - „Пчела“, трговија со мед, матици и трутови; второто „Турс“, патувања и посредништво, работа во Нов Зеланд; третото „Зодијак“, што ни кажуваат ѕвездите, изработка на хороскопи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Го споредивме со футролата, беше повеќе од очигледно дека се со истоветна изработка.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Членувањето на претставници на работниците во овој совет го овозможува давањето препораки и мислења во поглед на: програмата, состојбата во областа на безбедноста и здравјето при работа, стратегијата за кохерентна политика за спречување и намалување на повредите на работно место, професионалните болести и други болести поврзани со работата, изработката на закони и други прописи за безбедност и здравје при работа и документи за меѓународни организации во однос на безбедноста и здравјето при работа.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
ж) договор за вработување за вршење работи во странство, но само за ограничен период (чл. 249, ЗРО/05) – каде што, паралелно, се применуваат и странските прописи согласно меѓународното приватно право; з) посебен договор поради вршење работи кои се надвор од дејноста на работодавачот, а кои имаат за предмет самостојна изработка или поправка на одредени ствари (пр. машини); потоа, самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа (пр. културно-уметнички работи и сл.) – чл. 252, ЗРО/05.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Придобивките до кои дојде со донесувањето на овој закон се следните: отстранети се формалните пречки за воспоставување рамноправност меѓу жените и мажите, преку превенција и воведување услови за еднаков третман на жените и мажите; забранета е дискриминацијата врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор и воведени се нормативни мерки од различни области за спречување на оваа дискриминација; се дава приоритет во случај на нееднакво учество на жените и мажите во телата на власт на сите нивоа; воведени се охрабрувачки мерки насочени кон елиминирање на нееднаквиот статус и се пропишани програмски мерки за подигање на свеста, како и за изработка и спроведување на акциони планови за поттикнување и унапредување на еднаквите можности.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во рок од осум дена од денот на писмената изработка на пресудата до странките се доставува заверен препис на пресудата со поука за правото на изјавување правен лек против пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Се спремија. Ленче и Таки, Томеица, Христина, Лазе, Тодор и Коле. Томето беше облечена во убав, долг со долги ракави бежов фустан, со чипка во лична изработка на платката над градите.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Нејзиниот сопственик беше присутен на ревијата како почесен гостин кој овозможи штофови и изработка на голем дел од моделите во неговите простории кои беа опремени со најсовремени машини од Кемниц, Германија.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ситните пезети кои подоцна почна да ги заработува со изработката на уметничко цвеќе, ѝ дозволуваа привремено олеснување.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
По ѕидовите висеа ткаенини со везови од рачна изработка кои веројатно самата баба Мара ги имаше направено.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)