израсток м.

израсток (м.)

- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Учителот Стамен потекнуваше од семејство кое во сите војни се обезглавувало, но пак некој, како израсток од пресечено дрво, го обновувал родот: прадедото му загинал во борба со турските зулумќари што го ограбувале селото; дедо му загинал како комита во Илинденското востание; татко му учествуваше во Балканската војна, и по протерување на Турците, отиде во Солун да работи каде што го поведе и Стамена да изучи некоја школа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А му влегол уште како дете: над челото му излегол израсток, како мало рокче.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Целата лева страна ми беше прекриена со ситни израстоци, како дијаболи всадени под кожа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Израстоците отпаднаа еден ден, ги најдов насекаде по чаршавот, како трошки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Непропорционалноста, на прв поглед, меѓу главата и телото доаѓаше поради двата израстока: шишарката на главата и нагласениот подбрадок, кои му даваа некој сериозен и тажникав израз.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како да не им обраќа внимание на малите камени израстоци што потсетуваат на грпки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие денови брат ми се жалеше дека чувствува некаков израсток во устата, кој му пречи при јадењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Невиноста беше идеал заради мажот: оние девојки кои остануваа немажени, стануваа предмет на потсмев, а невиноста, идеалот на векот, се претвораше во срамен остаток, како да е некаков неприроден израсток, затоа што немаше кому да биде принесена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чарли Офтика: „Многумина можат да се пофалат дека на предниот дел од своите глави, на лицата, имаат меснати израстоци популарно наречени носеви.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)