иконостас (м.)
Стаклото се распрсна на триста парчиња и маслото со водата што беа во него го облеа целиот иконостас и душемето под него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Машките пак, притиснати до иконостасот, ги чекаа напаѓачите полни со сила да се удрат и да ја одбијат мечката, но ниту напаѓачот беше мечка, ниту нападнатите беа бикови за да можат со острите рогови да ја убодат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Го најдоа во одајата и Јована, потпрен крај зидот: го држи Трајко и не му дава да проговори; ги наредија сите седумина како апостолите на иконостасот во црквата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Мир да најдам во душава, Танаско... Да го повратам мирот што го изгубив додека го работев иконостасот...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
По три години работа, Арилко го заврши иконостасот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Дојди си в село. Те бараат луѓето да те видат, да ти честитаат за иконостасот, за твоето мајсторство...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во тоа време, по неуспехот на востанието во Савоја, италијанскиот револуционер Гарибалди е во Јужна Америка каде ќе се бори за независноста на Рио Гранде и на Уругвај, Делакроа го оживува со цртежи Шекспировиот Хамлет, а во Македонија, по пет години од раѓањето на поетот Прличев добитник на првата награда во Атина за поемата Сердарот, негде на планината Бистра изгоруваат живи во плевна двајца стари иконописци заедно со голем иконостас за некој крушовски манастир.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На него секој ќе запалеше свеќа и ќе се прекрстеше, а потоа се поминуваше сред црквата кои другите два дрвени свеќници донесени од старата црква и поставени пред иконостасот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Целото душеме послано со четворни мазни плочи, тука, пред олтарот се креваше за две скали и малку потаму почнуваше иконостасот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
На врвот од иконостасот голем крст на кој е распнат Исус Христос, а под него две ламји - симбол на победата на доброто над злото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Им го покажа и иконостасот работен во длабока резба, богат со орнаменти на фауна и флора, со позлата и со живописни икони: распетието Христово, Влегувањето во Ерусалим, Лазаревото воскресение, Раѓањето на Богородица, Собир на Архангелите и други светци.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Бидејќи манастирските простории не можеле да ги спасат, луѓето сјурнале во црквата и со своите тела ги штителе иконите и иконостасот да не изгоре.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Иконостасот беше тоа што најмногу ја разубавуваше нашата нова црква.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Во Скопје влегуваме во манастирот Свети Спас во кој му се воодушевуваме, посебно на фасцинантниот иконостас.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Зачувани се делови од првичниот иконостас изработен со бел мермер и интересен фрескопис за кој, секако, повеќе ќе ни раскаже отецот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во долината на Радика се наоѓа и манастирот Свети Јован Бигорски, културно - историски споменик од XIV век, со чудесен иконостас во резба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
На иконостасот на ѕидот, нејзните забележа кацната гугучка, со светол прстен околу вратот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Од гласот исплашена подлетна гугучката од иконостасот, направи неколку кругови околу упокоената и исчезна во утринската светлина на небото.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На средината на таванот гореше газиена ламба која ги осветлуваше, со чудна светлина, лицата на возрасните, та тие ми се причинуваа како светци слегнати од иконостасот на црквата Успение на Пресвета Богородица среде Ново Село.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Бар Олтар и стаклен иконостас од каде севишниот нѐ прска со света вода.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)