инженер (м.)
Тој постојал на вратата толку време, додека жената не си ги отпетлала своите раце од околу вратот на Големиот Ристана, а после, кога тој останал сам како стожер среде таа соба, го зеле и жената и главниот инженер и го истуркале низ вратата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А велеа: „Жената на главниот инженер“. Велеа: „Таа, кога отишол еден ден во нивниот стан“.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Главниот инженер, велеа, стоел на вратата. Жената го видела и сѐ уште не го испуштала оној.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Тука беше веќе главниот инженер!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Еден ден дојде главниот инженер.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Тоа бил некој комита! - рече инженерот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- А зошто? - Инженер Александар итно го бараат на работа. Мораа да си одат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Па, можеби и претерале малку, но не се далеку од вистината... Тешко се дише... - рече инженер Александар.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- А копањето? - се замеша инженер Александар.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Меѓу нив има многу лекари, заболекари, инженери и техничари.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На овој саем сретнав многу стручњаци од „Треска“, архитекти и инженери, кои беа дојдени да го проучат врвното во производството на мебел за да можат да пренесат и кај нас и во наши услови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не остана човек што не помина кај мене... И бригадири, и инженери.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
По извесно време дојде комисија од двајца инженери, ја прегледа куќата, го проверија земјиштето на кое лежи и констатираа дека куќата лежи на растресито земјиште, дека во нејзината близина тече река која е суводолица и во време на буици го подлокува коритото накај куќата; во дворот од куќата има бунар длабок 6 метри, чија вода е матна од пробивањето на реката или од подземните води кои тлото под куќата го прават нестабилно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А градежните инженери, наведе Китан, не се такви лица кои можат да дадат стручна оценка на какво тло лежи куќата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Фокс ги следеше генетичките инженери онака како што навивачите ги следат играчите на своите омилени игри.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Потоа го прашав инженерот кој работеше тука зошто чув два звука ако собата беше потполно тивка. Тој рече, „Опишете ги“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На пример, за еден инженер или лабораториски хемичар логично е да се претпостави дека ќе имаат потреба за поголемо количество на технички податоци.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Првите инженери на Хаосот можеби се Хинду мудреците кои создадоа метод за ракување со мозокот наречен Јога.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Вистинската религија е Еволуционизмот, базиран врз класичните хуманистички, трансцендентални претпоставки: - Бог не е племенски татко, не е феудален господар, ниту инженерски менаџер на универзумот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Со особена готовност го даде своето согласие веќе сосем разбудениот инженер.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)