интелигенција ж.

интелигенција (ж.)

И така, работењето наше ќе треба да биде врз почвата на народното просветување: мирно, легално, еволуционо; тоа ќе има за цел интелигенцијата да биде вистинска слугинка на народот, а не наопаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Учените, аристократијата, интелигенцијата и воопшто општествените класи, каде што се имаат лични интереси, стари традиции и предубедувања, се борат со новите течења, каде што се наоѓаат вистината и правината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако религиозните пропаганди се постараат да му попречат на здружувањето на македонската интелигенција и македонскиот народ меѓу себе, тогаш првото нешто што ќе потреба, тоа е да се образува во Македонија: Едина, Соборна и Апостолска црква, т.е. да се востанови Охридската архиепископија што ќе биде „Архиепископија всеја Македонии“.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние не бегаме од разјаснувања и полемики; ние сме демократи затоа и смееме да загазиме во калта и да видиме што правите вие таму затапкани од јавното мислење на српската интелегенција.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во последно време овој „добротвор“ многу е изитрен и во договор со големците од Белград ја чисти својата околија од интелегенцијата на еден многу посебен начин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На некои други дури, невозможно е да се разменат идеи, машината поправа сама по себе. (220) Интелектуалците се осудени на изумирање со појавата на Вештачката Интелегенција како ѕвездите на немиот филм со појавата на звучниот филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Централен став”: тука треба да се види врвна игра на интелигенцијата, разонода на надмоќен дух во потрага по единството на светот, по некаков Glasperlenspiel, според Herman Hesse, во кој големите мајстори на една необична уметност жонглираат со сите елементи на човечката култура како со многубројни разнобојни куглички, за без престан да се забавуваат со сложувањето на нивните бои во виножито. 18 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Започнувајќи со расправа за тоа што не е во ред со философијата на умот, Серл ги карактеризира и отфрла философските учења на материјализмот во неговите различни облици (логички бихејвиоризам, теорија за идентитет на типови, теорија за идентитет на знаци, функционализмот на црната кутија, јаката вештачка интелигенција, елиминативниот материјализам,натурализирачката интенционалност).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Компјутерот како вештачки рај на интелигенцијата. Минителот како вештачки рај на сексот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Теорија на Шемите Погоре зборував за тоа дека когнитивната наука има три компоненти: вештачката интелигенција, теориите за мозокот и когнитивната психологија.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Филозофот Xон Серл со својот мисловен експеримент со Кинеската Соба се обиде да покаже дека најмногу што можат компјутерите е да симулираат интелигенција но не и да бидат вистински интелигентни.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во мене дреме простак кој се клешти на ова разбирање и бескрајно ја исмева интелигенцијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Го интересираат медицината, древните култури, вешта­чката интелигенција, но и змии, отровни инсекти, злосторства од секаков вид.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Учесниците во малата интерна војна што допрва се затркалува во Македонија не се само политичките партии туку онаа социјална група која има обичај да се нарекува интелектуалци односно интелигенција (уметници и писатели од најразлична жанровска припадност, хуманистички научници, универзитетски професори од разни профили, политичари со докторски наслови или доктори по наука кои својата конечна вокација ја пронашле во непосредната политика), сите тие меѓусебно се борат околу исклучивото право на формулирање и претставување на она што се смета за вистинска национална вредност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
4. Противречната позиција на исклучениот и непризнаен патриот е извор на сите тешкотии што македонската либерално-национална интелигенција ги проживува во сопствените обиди да го артикулира она што би требало да биде македонска национално-либерална концепција за културата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Децата сѐ уште не се будали, но ние веќе ќе ги преобратиме во малоумници какви што сме и самите, со високи коефициенти на интелигенција, ако е можно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Биди храбар да ја употребуваш сопствената интелигенција!“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нашите млади, новорегрутирани видови во последно време поминаа низ неколку стадиуми на интелигенција: 1.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Електрифицираните мисли бараат брз фидбек, создаваат нови глобални општества кои бараат високо ниво на електронски вештини, психолошка софистицираност и отворена интелигенција.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
По ревноста за апсолутно искрен израз, по подготвеноста да плаќа со лично страдање и ризикување на животот, Бренер го воскреснува и го воздигнува садомазохистичкиот комплекс на руската интелигенција во опозиција на омразената власт, комплекс кој е вродена желба „за страдање” и во кој политичкиот дискурс не посредува.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Повеќе