искисне (св.)
Некои, испијанети, скокаа во езерото, излегуваа натопени и викаа: „Може ли да искиснеме повеќе од олку...“
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се смрзнав. Искиснав до кожа. Овде е топло.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Мојата торба оставена на улица
искисна како внатрешниот багаж
кој е толку мокар
што тоа станува негова differentia specifica.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)