искористен (прид.)
68. Во 1894 год. во Цариград беше извршено масовно клање на Ерменците што предизвика бурна реакција во Европа, а исто така тоа беше искористено во Бугарија за организирање митинзи за Македонија што беа вешто експлоатирани од бугарската влада, по кои дојде и образувањето на Врховниот македонски комитет и неговото „востание” (1895)
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој идеален филм за мене е нешто исклучително добро напишано, занаетчиски добро направено во сите свои делови за сите дисциплини да можат максимално да бидат искористени.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Една од најголемите простории на најгорниот кат на Палацо Граси беше искористена за изложување на Дишановото „вализе“ и голем број оригинални слики репродуцирани во оваа комплицирана и прецизна збирка, обесена по ѕидовите што го опкружуваат експонатот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Секогаш го чуваше тука, но досега го имаше искористено само еднаш, во пролетта 1999 година.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
На крајот, бабата излегуваше како злоупотребуван и искористен победник, а Ѓорѓија како неблагодарно машко единче.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тоа било искористено од Цариградската патријаршија за агитација пред османлиските власти барајќи укинување на Архиепископијата, претставувајќи ја пред Високата Порта како орудие на Австрија и на Рим, што на крајот резултирало со нејзиното укинување во јануари 1767 со специјално султанско ираде.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Ако само малку се концентрираше, на сликите можеше да им додаде и звуци и мириси, цела атмосфера: крцкање на летен песок и слатка врелина под нозете, тазе испеглана постелнина, Нивеа, печени тостови со кулен и млечен намаз, здив после ќебапи, куп искористени кондоми и кучешки лаеж.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Фрлена. Како искористено шамивче кое завршува во корпата за отпадоци.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Куќичето беше многу фино распоредено, во малиот простор сè толку корисно искористено.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)