иследник (м.)
Па? Не одговори ни за иследникот ни за себе, како што не можеше да одговори на набожното прашање еднаш, порано, ни оној калуѓер што дојде в болница смерен, набожен и со гонореја.немаше сили и не сакаше да одговори, како секој осамен, изгубен, безнадежен човек.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Чекајте, ги прекинува Отец Симеон. Треба случајот да се прецени од иследнички аспект. Како почна сето тоа?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Претседателот ја погледнува страницата ишаркана со молив, па ги преместува полиените со нечиста влага очи кон иследникот: „Што е таму?“
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Иследникот Едип-ефенди внимателно ги празгледува предметите најдени во куферот на Глигора.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Валијата, судските иследници, полицајци, аги и бегови како да се вселиле во душите на овие клетници.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Морам малку да се пофалам, се колнам, другарот Аритон Јаковлески, а не и само тој, сите членови, дури и самите иследници, беа задоволни од моите одговори, ме слушаа со отворена уста.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
— Иследник, вели, откопчував машки панталони.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Гледам во иследниците како мртовец што гледа, ако гледа. Не можам уста да отворам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Полковник Фирсов, ваш иследник, мајор Панделеев, шеф на Истражното биро за меѓународна шпионажа, и јас, мајор Јоанидис, шеф на преведувачите...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Неговите иследници не беа повеќе оние разбојници во црни униформи, туку партиски интелектуалци, мали тркалезни луѓе со вешти движења и со блескави очила, кои работеа на него во смени што траеја - не беше сигурен, но претпоставуваше - по десет или дванаесет часови без прекин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Овие други иследници се грижеа постојано да трпи извесна болка, но не се потпираа главно на болката.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со него беа стражарите, и оние другите иследници, луѓето во белите мантили, О'Брајан, Џулија, г.Черингтон, сите заедно се тркалаа низ ходникот и гласно се смееја.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И успеав: таа беше еден од главните иследници на сослушувањето. ***
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Забележав дека и денес, веројатно без да сум свесен за тоа, повторно ми шета низ размислите оној необичен збор Грофот што се наоѓа придодаден кон името на мојот иследник.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но и да го бев рекол беше очигледно дека иследникот воопшто не ме слушал.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Молчев неколку моменти. Молчеше и мојот иследник.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Можело да се случи да го запишам она што иследникот ми го сугерирал како можна моја помисла, а не она што вистински сум го мислел.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но иследник е премногу возрасен за да ги практикува ваквите игри.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ти не спаѓаш во исклучоците - се обиде неуморниот иследник уште еднаш да ме приведе во неговата замисла за случајот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сѐ беше логично во експликацијата на судскиот вештак и во рекапитулацијата на полицискиот иследник, освен што главата на доктор Миха како татко беше празна тиква, во која уште семките на прашањата сѐ посуво што го надјачуваа: зошто токму син му, зошто токму нему, прво на синот пред потоа и на таткото да им се случи тоа, зошто токму нив да ги погоди грмежот од небото кое и така грми па може да удри и во грмушка?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)