ислужи (св.)
И така имињата: Србин, Бугарин и Грк си ја ислужија својата служба во Македонија и за низ таму нема веќе место.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Таква една служба ние ѝ ислуживме на Турција по објавувањето на февруарските реформи. 8
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
– Mope, ако е за вода, ефенди, седнете, седнете, ене ја Попова Чешма, ладна е како мраз; ќе ви донесам една стомна, напијте се – одговори старецот и погледна со очите кон ниското куќаре, небаре бара стомна, да ги ислужи ефендиите, но војникот што зборуваше по каурски не дочека забитот да проговори, ниту му го преведе на турски одговорот и предлогот од старецот, ами сам му одговори: – Ефендијата сака вода од Бренското Чешмиче.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)