испијани (св.)
Си видел некоја жена да се испијани?
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ме налутија, вели Лазор. Те испијаниле. Не се испијанив, вели Лазор. Јас го добив облогот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Некои, испијанети, скокаа во езерото, излегуваа натопени и викаа: „Може ли да искиснеме повеќе од олку...“
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се испијанија и кога ќе умреше некој, и умрениот со песни го испраќаа како да оди војник или во свет.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Потоа ги врза со уздите еден за друг, му се качи на средниот и ги спотера сите три по патот низ селото; коњите испијанети и потсилени од камшикот што им плускаше крај ушите, јуреа низ селото како бесни, креваа прав зад себе, газеа кокошки, патки, мачиња, кучиња и секаква живинка што ќе им се испречеше на патот и опкршуваа со сета сила по сокаците; прислужникот Геро потскокнуваше на средниот коњ, ги стегаше цврсто в рака сите три узди, плускаше со камшикот и викаше силно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Јебига: маж ќе те тепа, жена ќе те вара, швалерка ќе те остави, син ќе те разочара, снаа нема да ти се погоди, зет ќе се испијани, балдска ќе те намрази - а само сестра е во состојба сите нив да ги истрпи!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Јавна тајна беше дека гардискиот мајор ја убива Билјана од ќотек кога ќе се испијани.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)