испокине (св.)
Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Бледото долгманесто лице му беше испокинато од длабоки бразди.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Арсо го чу неговиот испокинат глас: - Врзи се за половината.. Побргу!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Дури есента, кога тргнуваа да си одат назад, кон дома, со сите кираџии, што ги товарија нивните алати и сѐ друго нивно од бараките, а зад себе оставаа една нова петокатница во градот, неа можеа сега да ја гледаат и да бидат задоволни од тоа каква беше бела и воздушеста, дури есента, кога го оставаа тој град, разубавен со уште едно нивно здание за векување, тој бел град некаде по белиот свет, по нив се забра и еден испокинат младич, кој по многу нешто личеше на сите деца, што се среќаваат по станиците, бос и сам, држејќи го постојано растојанието меѓу тајфата и себе толку големо за да не може да го достаса никој, кога би се пуштил назад да го фаќа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
4. ШТО САКА НЕКА БИДЕ, ТОЈ Е УЧЕН ДА ТРПИ - и невин, од виновните на срамен столб качен, од честа испокината сурат циркуски ќе скрпи, па другите засмевајќи ги, самиот ќе плаче...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Овиа проклети Грци, незнам што ќе им се предате, та тако ни газат немилосно татковината и народноста, ќе се испокинат, трудејќи се, со што можат и като им прилегни да ни сгрчат, дума и свет им ет да ни преврнат на грчкото. Ој сполајти Господи!
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Помеѓу мојата клупа и нивниот кафез се движи заштитна магла - ни јас можам да посегнам по нив, ни тие се во состојба да ме зграпчат и да ме испокинат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И тогаш грмна еден рафал напред и еден смок блесна и се испружи испокинат на патот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со копачи ги испокинавме жиците што се протегаа од ѕидот зад неа и ја поеја со струја.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Настапи гневно меѓувреме во кое постерите беа искубени од ѕидовите, паролите беа испокинати на парчиња и фрлани под нозе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога нервите му беа испокинати по долгите часови сослушување, дури и ваквото преколнување можеше да го натера на тажно липање.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)