испорача св.

испорача (св.)

Нивните поздрави и писма им ги испорачав на оние до кои беа упатени...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Потоа мораше да ги испорачува нејзините чипки.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Господинот Хајам мисли дека Хичкок чувствува „длабок презир кон светот”, и дека неговата вештина „секогаш се развива на најсилен начин кога има да испорача разурнувачки коментар”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Го разбира дури другиот, нему делото му се испорачува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како што звучните системи некогаш беа величани поради нивната висока верност, така текуштите сликовни системи сега испорачуваат виртуелна реалност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Питон: (предизвикувачки) Значи? Решете се! Испорачајте ме. Можете дури да кажете дека бев шеф. (долго молчење)
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ќе ти дадам нови играчки и ќе испорачам нови благослови до оние што ќе ги добијат.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Желбите, честитките, специјалните пораки, не смеат да не дојдат до оние на кои им се испорачувани, пред да се излеат од животворните сокови и благослови на волшебникот од невидливиот остров што плови.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Посакуваше таа, а не тој, да им биде испорачана на...
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
в) Разбравме дека технолошката опрема бесплатно ќе ни биде испорачана од страна на Француската влада, и тоа во висина од 11,9 милиони франци, а тоа е во рамки на Светскиот фонд за обезбедување на чиста вода за пиење.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Македонката со колак коса врз темето не можеше да замижи пред толкава болка па и од нејзините очи потекоа солзи, како и од очите на високиот маж, а заминаа без да ги поздрави толпата, со чувство дека сите ги мразат штом се дрзнуваат да испорачуваат Македончиња како Грчиња.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На заминување претседателот цврсто ми ја стегна раката и ме замоли да му ги испорачам срдечните поздрави на претседателот Лазар Мојсов и големата благодарност од тунискиот народ и од него лично за укажаната доверба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го слушна чкрипањето на внатрешниот механизам кога ја вклучи парата, но машината не испорача цигари.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Британика, спакувана во три тешки пакети, му ја испорачаа во станот токму кога го заврши ручекот и се чувствуваше „презреан“ за да оди да си легне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се прашуваше: Зарем не ја трогна содржината на сите оние писма кои ѝ ги испорача Душка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)