испочитува (св.)
Иако уште на погребот видов дека не се труди да прикрие дека не е верник, па дури и дека не се плаши од тоа да биде некому трн во око со тоа што не носи црнина, сепак помислив дека решила да остане подолго за да го испочитува редот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Работодавачот ја испочитува одлуката и, конечно, во февруари 2009, тој повторно е вратен на работа во оваа установа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, и тука работодавачот потфрли при почитувањето на работничките права па, освен неисплатените придонеси во ФПИОМ, не му исплати ниту испратнина, за што Авдиќ повторно тужеше и иако има добиено судска извршна пресуда, таа сѐ уште не е испочитувана и сумата не му е исплатена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Мораше да ги испочитува твоите последни зборови.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Појде кон Татковата библиотека на нова серија турцизми кои се однесуваат на човекот (телото, роднинската терминологија), според претходниот договор, којшто според двајцата требаше да се испочитува до крајот кој полека и се ближеше, ако не дојдеше до неочекувано запирање на некои зборови со посебно значење, како што беше случајот со турцизмот фиљан.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ако можам, би сакал да ги испочитувам дострелите на геј-мажите кои, од Стоунвол наваму, пишувале, на англиски, романи, раскази и драми за машкиот геј-живот и чии дела толку ми значеле.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)