испрати св.

испрати (св.)

Потоа човекољубецот Бог, којшто го стори и не го остави човечкиот род без разум, туку сите луѓе ги доведува до разум и спасение, се смили на човековиот род, па им го испрати Св. Константина Филозоф, наречен Кирил, праведен и вистинољубив маж, кој им приготви 38 букви, едно по образ на грчката азбука, а други според словенскиот јазик.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
В гроб темен испратила мнозина Фотина клета.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
84. Додека сѐ уште чадеа илинденските пожари, бугарската влада навистина побрза да го испрати конзервативниот политичар и државник, туркофил и русофоб Григор Начович (1845-1920) во Цариград за да се погаѓа со Турција за правата на „Бугарите” во Македонија, а не да им дозволи на Македонците самите да се појават како фактор на преговарачката маса за сопствените интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
83. Таа арнотија добива уште поголемо значење со тоа што таа беше причината да се образуваат комитети, организации, чети, востанија, да има убиства, грабежи, колења и др. и во сето тоа Бугарија ни помогна и со пари и со трпење на комитетите на своја земја. 4/ верата во бугарското чувство кон нас си ја плативме со воставањето, од кое Бугарија вистина не нѐ задржа и не ни помогна, но… го испрати Начевича84 да преговара…
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
116. Хрватот Ватрослав Јагиќ (1838-1923) му беше исто така професор во Русија, на кого и подоцна му испраќа свои сепарати.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Едно утро, тој ги повикал и му рекол на поголемиот син да се скрие в долап, а помалиот го испратил да им каже на снаите да дојдат да го видат.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: Дури од Божиќ! Погача треба да му испратиш!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
А, ти, Арсене, испрати ги како знаеш! (Крстејќи се.) Оф, господе, господе!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ФРОСА: Многу ќе го поздравиш и од мене и од децата. Кажи му дека и нив ги имав земено да те испратат.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ама врнело, ама грмело- попот треба да го испрати до дупка.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Драги Илија, писмото твое што си ми го испратил по човеков ми го донесе и многу се зарадвав кога научив дека си бил жив.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кој ве викна, нека ве испрати.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Гордо се исправи Мече, го крена високо знамето и замавта со него накај новата смена што со громки извици ги испраќаше бригадите.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Го испратија со поглед сѐ додека чунот не се изгуби во трските, а потоа и тие тргнаа назад.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тие ги испраќаа со жален поглед се’ додека не исчезнеа зад првиот завој, но немаа смелост да се испречат пред некој од нив за да го помолат шоферот да ги качи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мајка ми разбра дека Наполеон е отруен и ме испрати кај мајсторот во слаткарската работилница по млеко.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во пазарните утра, кога некој селанец ќе му се обратеше некому со прашање кај може да купи лек за своето болно дете, тој го испраќаше на сосем друга страна, кон оној крај што нема аптеки а отаде друг еснаф го испраќаше кон стариот град што се давеше во штавени кожи и лој.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стоев на прсти помеѓу две рамења, гледав само малечко крајче на арената, среќен кога шарените кловнови со големи црвени носишта ќе се појавеа на тоа место. Кловновите ги испратија со весели извици.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Ајде, ајде, јас си а знам работата, — одговори Доста и ја испрати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токмо навреме ќе дојде, токо пари да не барате! — пак повтори Крчо и си излезе откај што влезе, испратен од Нешка, фатена рака за рака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе