истоштеност (ж.)
И тие четириесет и три мали тврдини од оној свет - камен врз камен, во пукнатините на ѕидовите гнијат диви треви, врз истоштеноста легнале неотпорни покриви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не знаеше дека пред тоа треснав со плешки на земја заради истоштеност што почнува кога ќе ти се стори дека колениците ти се испразнуваат и стануваат клобуци од коска ненадејно истанчени пред некое распрснување.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако сте употребувале хероин подолго време и нагло сте престанале се појавуваат кризи кои се манифестираат со потење, истоштеност, несоница, течење на носот и повраќање.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во тој момент ја сфатив својата истоштеност, како и депласираноста на својот лиризам.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Нешто во неа веруваше дека е така, го знаев тоа по некоја нишка среде испреплетената истоштеност на нејзиниот глас, по невидливиот зрак отаде болката во нејзините очи; но мене тие зборови, кои во своите мисли ги изговарав со нејзиниот глас, сепак ми се враќаа со некакво подмолно, потсмешливо ехо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Облеката ја бележи сиромаштијата на селаните на чии лица се гледа истоштеност и умор.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тие гледаат со крвјосани очи, полни омраза и истоштеност.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)