истрага (ж.)
ЛЕНА: Истрагата покажа дека тоа било несреќен случај, невнимателно минување преку пругата. (Таа станува, ги зема шољите и се упатува кон самоварот.)
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Се разбира, Толевото отсуство му падна в очи и тој, како другите оштетени, ја наврте истрагата на таа страна.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ама, истрагата си тера. — Дали познавате Англичани? — Го познавам капетанот Еванс.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас сум Наталија, вели, колку време бевте под истрага? Многу, велам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— По кои докази? — По оние што ни беа доставени во истрагата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Контакт-адресата речиси е обврзувачки дел од мејл-арт работата, но постои и тнр. „еднонасочен“ мејл-арт кој често се одвива на начин и испраќачот и примателот на пораката да не се познаваат, или примателот да не го познава испраќачот; едноставно повеќе-помалку случајно некому му се испраќа некаква мејл-арт порака, и толку, не се бара фидбек; постојат и специјални случаи, тнр. „енигми” или „истраги” кога во мејл-арт пораката (или во низа пораки) се разоткрива некаква мистерија или шифра која понекогаш значи, на пример, само откривање на контакт-адресата, но понекогаш богами шифрите носат прилично дубиозни уметнички пораки (постои еден генијален „поштенски“ роман на мистериозниот американски писател Томас Пинчон, „Објава на бројот 49“; самиот роман можеби и (не!?) може да се смета за мејл-арт, но во секој случај тој е инспирација за многу мејл-уметници).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Централата прераснуваше во балканска оракула која ги кажуваше, одредуваше новите жртви, располагајќи со нивните души, ги распоредуваше нивните судбини, располагаше со нивните души трагајќи по нивните тајни во грозоморните истраги.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во Атеистичкиот музеј се чуваат и документи од истрагата за докажаната вина.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тие можеа да бидат утврдени со истрага, можеа да бидат исцедени со тортура.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Работата на Судот била тајна, што давала повод да се прават разни претпоставки за објективноста во водењето на истрагата и на самото судење.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Воениот суд истрага вршел и врз другите затвореници.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Вршејќи истрага околу ова убиство, властите успеале да откријат оружје и да ја откријат месната организација, а потоа, преку средства познати од времето на инквизицијата, успеале да ја откријат конспиративната мрежа на Организацијата во Штипска, Кратовска, Паланечка, Радовишка, Кумановска и Малешевска каза.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Три недели пред да се поведе истрага во врска со скапоценостите на Баручиеви оставени за чување кај спомнатиот Чардаклиев, Груев беше на пат, беше отсутен.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И кој е поводот за покренување на истрага во врска со неговото божемно вмешување во случајот на Симо Чардаклија.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Шефот сакал да спроведе истрага во врска со ноќешниот настан.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Пред започнување на спорот со првичната Агенција за обезбедување и истрага тој околу седум месеци, од февруари 2007 година, работеше како работник за обезбедување – сѐ до критичниот момент на настанување на проблемот, во септември истата година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
При водењето на истрагите тие не го менуваат принципот; во најдобар случај, кога нешто им е многу итно – на пример некоја голема награда – ја прошируваат, или преувеличуваат старата практика, без да го сменат принципот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Вториот бил помалку јасен и Херкулина била предупредена и опомената дека следниот пат ќе биде подложена на детална истрага.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Е, сега настапува проверувачот, полн со сомнеж, па, притискајќи нѐ нас на задната врата, почнува истрагата, човече, едниот ја брка бабата, другиот го држи дедото, автобусот стои во место, вратите заклучени.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)