итрец м.

итрец (м.)

А стариот итрец претпазливо се провлекуваше, готов да скокне секој момент.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А итрата лисица сѐ по неговите траги газела. Е чекај, ќе видиме, итрице!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ако ви се сторил итрец – барајте го меѓу итрите; ако ви се сторил инаетчија – барајте го меѓу инаетчиите; ако ви се сторил шегаџија – меѓу шегаџиите; ако ви се сторил храбар, палавко или дружељубив – меѓу храбрите, палавите или дружељубивите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А, ако му е нешто тешко, е-е, ќе најде тој итрец начин да ги надмудри!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Аха, така значи, итрецу! Ти ја открив тајната! - шепотеше Бојан, благодарејќи му на деда си за зачуваната пушка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Очигледно разбра итрецот дека неговите луди постапки му се допаѓаат на татенцето, па тој тераше докрај.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А со очи веќе го бара стопанот со недопуштена стутканост на лицето: не му се нужни парите зашто ќе му остане часовникот за кој, итречки но без уверливост, сака да докаже дека е од злато.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Ние ќе го бараме. - Ќе нѐ види, Онисифоре, и џенем ќе фати. Итрец е. - Кога ќе се стемни не ќе нѐ види.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се криела ли итречка игра на челникот во тој предлог да го придобие на своја страна бунтовниот имењак од прости сметки зашто верувал дека тој може да посегне со своите тешки шепи кон невидливата књазовска круна на кукулинската татковина?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се насмевнала со ноздри итречки и повеќе за себе, кришум. Сенките под нејзините очи се распливнале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мајка ми ми возвраќа на ист начин. Итрицата, ми ја има „прочитано“ тактиката!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Брат ми не. Тој беше сунизок, на баба ми по татко, и повеќе итрец, отколку одважен. За себе нема што да кажам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Малечка, малечка, ама итрица. Ги знае сите печатни букви.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„И девојките, и нивните муштерии“, вели итрецот, и тоа беше неговата најголема тајна што понекогаш ете, и јавно ќе ја соопштеше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Мојот Бог е далеку“, тврдоглаво се извлекуваше итрецот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ги повторувам во себеси слушнатите звучни сигнали моделирани во прашање и патем заклучувам дека иследникот е голем итрец а згора на тоа умешен подметнувач на измислени или дотерани сеќавања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Куц-куц, иако куцаше, кај него маната не беше и несреќа: зашто итрец како татко му, а притоа и напрчен баш колку што треба, од тоа своја мана имаше само корист: во секоја работа притрчуваа да му помогнат за да ја сврши побргу.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но тоа го изговорив не со револт, не како оптужба, го изговорив со еден тон на итрец, што само се правел на будала, се преправал дека не гледа како сакаат да го насамарат другите, ги остава да чинат што намислиле, а в душа надмошно им се потсмева, и еве со презир го погледнува предметот за кој се плетеле замки - новите чевли на нозете на Банета.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Лукавец, Итрец, Луцифер Серафим, Караѓоз, Ќориот, Куциот Грбавиот Јуда умна преумна надеж неумерена (а смертта е без мера безмерен семир!) Сило црна нечиста, нечестива волкодлака во туѓи светилишта падена меркана, дебнета грдосијо те тука си, те не си мис-миризлива, жуборлива етерична сфера малку отров за малку живот Сѐ само простодушност не не понизност, не!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Само еднаш. Да пробам еден капут, како божем за мене да ќе го земам, ама, не за џабе се рекло ѓаволот ни ора ни копа, па во следната секунда со крајот на окото видов како мојот ранец трча по „Румели џаде“ на Осман Бег, а јас во неплатениот капут по бабата во романска носија, со широко ромско здолниште (да не кажам сукња), претворена, чиниш, во брзата птица итрица.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе