ишала (изв.)
Ишала! — Мавна со главата на поп Петка, на даскалот Бина и на Лесната.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Седите ми со здравје, побргу да се видиме, Ишала!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Најдете ја таа грутка, рекол Никола Влашки. - Ќе му даваме по малку да пие со вода. Ишала ќе помогне.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се слушаше „ишала“ и „машала“, а зурли и тапани сосила свиреа некаков марш, додека еден келеш од другата страна на мердевините бесно тресеше дајре.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Потоа Камилски ги фиксира заемките извици: аферим, аферим, браво (од персиски aferim); ашколсун, синоним на аферим; ишала, ќе даде господ, ако даде господ; јазак, штета, срамота; машала, синоним на аферим, но со повикување на претпазливост и страв од урок; сакан, внимавај...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)