кабел (м.)
Полицата висеше на посебни кабли кои се губеа во темнината зад сировиот сјај на два прастари рефлектори закачени над Подот.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ја сврти светилката на страна и видов тенки жици поврзани за карики, кабли кои одеа до работ и исчезнуваа.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Некој џин провлекол челичен кабел врз ѓубриштето и фино го затегнал.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Избегната тупаница, промашено скалило, возење во погрешна лента; Пеницилински шок, високонапонски кабел, непрецизен кујнски нож; солна, а не алкохолна, врела а не млака. Заразна.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Петлите беа моќни птици, со цврсти нозе, со огромни канџи, со шии жилави како кабел и со клунови како клипер.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Компјутерот се преврте и започна да стенка. Безуспешно откорнував кабел. „Просечен стандард“ – мелеше кутијата.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
- Внимавај на кабелот, уметниче, знаеме дека забораваш и на својата глава! – продолжи и се насмевна шегобијно, за секој случај меркајќи го со будно око кабелот.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Дворот од неколку квадратни метра, со разгрането стебло на кајсија во средината, крај кого наместо маса беше легната макара од кабел со неколку јасикови трупци наоколу прилагодени за седење, Ханка го делеше со осумдесетгодишниот пензионер од „Металски” Боро Симески кој по смртта на својата сопруга го продал станот во Тавталиџе, им ги поделил парите на двата сина, и се сместил во приземната барака со една соба и кујна, веднаш до нејзината.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Бркање потписи, фаќање врски и кабли за испити.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)