кавалер (м.)

Сторил, што сторил! Детето е здраво, јако. Тој и не го видел кавалерот.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Одеднаш Славче туку ја фати... за месиште. Модната вресна, а Славче доби две-три од кавалерот.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
По некое време, одгоре иде една модна, ама фустанот ѝ се залепил со кожата. Со неа еден, како го викаат, де, а кавалер.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тие покажаа кон соседната маса, кон налутениот кавалер на сувата блондина облечено тврдо и круто како во картон. „Знам“, се сети и се наведна. „Ништо полесно отколку да се опцуе еден мртовец.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
МАРФА: Свињарија? Јас достатно свињарии овде се нагледав. Овде кавалер, онде кавалер...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во еден дворски балет изведен токму 1600-та во Болоња („Планината на Кирка“), кавалерите се претвораат во животни и обратно. И пак: она неживото оживува!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Јас би ти дала единица со минус. - Јас пак единица со плус. - Кавалерски попуст.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вие – ми вели – како кавалер и човек на власт би можеле да ме одведете, на пример, на театар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ме обзеде некаква буржоаска срамежливост. Божем, кавалер, а без пари.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Туку, Радо кој рече дека ќе е кавалерот што ќе те земе од дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Па, си земам за слобода да речам дека е најдобро да си ја тркалаш железната пара на бош и да се дружиш на пријателска база со двајцата, додека не му здодееш на младиот, кој секако има помалку трпение од возрасниот, кој, пак, знае да чека до бесконечност затоа што е каваљер, а ти си неодолива.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Оние идиоти сега ќе им јават на своите колеги да бараат дама и кавалер во балски тоалети.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Бојана се насмевна. - Без никакви планови Алек, вечерва ти како кавалер спиеш на подот!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
По испиеното кафе, колку толку за отрезнување, откако Климент Камилски грациозно ѝ бакна рака на Луција, со манир на стар париски кавалер, замина со Сотир Паскали да ја води последната битка со париските книги, подготвувајќи ги за пат кон Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)