кавал (м.)

(Сите групи се здружуваат во една. Секој вади од торбата по нешто за јадење. Додека се поткрепуваат оддалеку се слуша меката и болна мелодија на кавал).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Напролет, предвечер, ќе свирнам со кавал, слушам славеј ќе се огласи, ќе свирнам пак - тој одново ќе се огласи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Единствена утеха му беше самиот Сокол и шумата, и во повеќе моменти се чувствуваше како да е со своите овци и кози, па дури и кавал купи и по цели дни ги свиреше оние исти песни што ги извиваше со звуците на ѕвонците и клопотарците.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја познава секоја стапалка шума и сето тоа го потсетува на неговото детство и среќните дни, кога таму ги пасеше овците, свиреше со кавалот и мечтаеше за својата идна среќа: како ќе се ожени, како своето прво синче ќе го води со себе да го запознае со пределите на шумата; како ќе му влее кураж да не се плаши од волците; како тоа ќе ги пасе овците и јагнињата, и најпосле, како и тоа ќе биде домаќин, како што е татко му Петко, и тој сам што ќе биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега, кога имал со себе само двајца комити, Јонета и Гелета, кавалот му било уште попотребен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Така, кога ќе му дотекнело , ќе го извадел кавалот, и ќе засвирел.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бил истиот оној дедо Геро: весел и насмеан, секогаш со кавалче на појас, крај кубурите со килибарни дршки.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Од трвите до кавалот од стадото до облакот сѐ е бујно запалено.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ноќва е ваза длабока без сон каде ’рти цвеќето на немирот И јас немам раце да ја скршам на белото кладенче на денот Немам очи да ја ослепам со жолтите плодој на чекањето Имам само една добра песна што го кроти просторот непроспиен Песна добра како кроток кавал што го чува стадото на надите
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Стадо в кавал заљубено ѕвоно в песна изгубено око в божур залудено Румено. Румено. Румено.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Со стадото руди овци по перунските рудини, како свири со својот кавал во утринската мугра, а двата големи овчарски пци мирно ги вртат опашките крај него, секогаш готови да скокнат и да му го скинат гркланот и на најголемиот волк.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но ќе дојдеше ли часот... - Кавалот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бродот му го однесе побратимот и кавалот - сè што имаше овде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ех, како им зборуваше, во тие часови кавалот на измачените аргати во туѓина, далеку од родните места...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Млад овчар свири со кавал: „Развивај, горо зелена, ќе мине Делчев војвода со неговата дружина...“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Стар овчар, со бела коса и брада, тивко ја свири со неговиот шарен кавал песната: „Море сокол пие вода на Вардарот, Јане, Јане ле бело грло!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И тоа мошне убаво - одговори Трајче, го извади кавалчето од појасот и почна да свири...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Задоволен што сѐ така добро се сврши, Трајче, како секојпат што правеше, го извади кавалчето и засвире...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го зедоа кавалчето, го превртуваа, но за среќа не погледнаа внатре.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Шишман рече: - Сигурно може да се најде кавал. - Сигурно, - рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе