кавга (ж.)
На кавгата згора се примешаа големците, ѓоа да смират некоја работа, да повеќе ја запалија работата (што ти велаат: „ѓаволот ни ора ни копа, само луѓе скарува“) и туку беше се поткачиле сите да се бијат и да се тераат по таа пуста планина.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Само благодарејќи на големата братска љубов делбата стана со „арно — со мирно“ без кавга и гурунтија, барем меѓу браќата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ваквото нејзино расположение уште повеке го развесели Крстета, кој чекаше некоја кавга или плачка од Анѓа за нанесената навреда, но виде дека и таа е задоволна од поповата постапка, та ни тука не му остануваше некаква тежина на душата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Не се замеша во кавгата, но затоа ги викна брата и и Јована да ја остават кавгата и да си влезат во училиштето, бидејќи ѕвончето удри.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Слутам дека адвентистот и мандолината веќе не ќе имаат причина за кавга. Богоугодно дело за човечки мир.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Често доаѓало до кавги и тепаници...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Дури и да завлезеа понекогаш во некоја расправија што би можела да се претвори во кавга, почитта што Бојан ја чувствуваше кон возраста на Кирил, го задржуваше од натамошни расправии, го присилуваше да се согласи со него, да попушти.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој очекуваше расправии, кавги, може и до инцидент да дојдеше, според она што беше слушал за тврдоглавиот и суров самозван војвода Толета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ги слушнаа овие громки зборови и едните и другите и ја прекратија кавгата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Аќиф ја виде и за инает на Толета, да поткрене кавга, се фати меѓу двете жени.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во кавгите се замешуваа и селаните и ги смируваа: „Не терај инает, Профиме...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Заминувањето на Ѓупците од селото секогаш беше со кавги, но штом ќе ги немаше подолго време, луѓето чувствуваа некаква празина во себе, некаква штурост и нестрпливо го очекуваа нивното доаѓање.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Има и кавги, Ќе се истркала некој полжав пред туѓа мотика, и едниот ќе рече: мој е полжавот, а другиот: да беше твој, ќе беше пред тебе, ќе рече и ќе се фатат в гуша. Па ајде, брани откинувај.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Домците почнаа да се туркаат околу високото, неубаво дете, Методија Гришкоски, едно момче од управата, потсилен од неколкуте свои другари, се дрзна да го бутне одзади, бараше кавга.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И само на кавга поддупнува, подлостува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Којзнае колку ноќи пробдеавме фатени така во кавга?!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Знам јас, - рече помирливо, - дека Бреза е здодевна и дека често таа ја започнува кавгата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Не претпоставувал тогаш дека ќе дојде време да се водат вакви кавги за него... - Интереси... - рече полковникот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Разбирање немаше, зашто одново заживеа злата крв што во нивната фамилија влечеше корен од порано: нивните дедовци (браќата Видан и Блашко) при делењето на куќата и дворното место, зафатија кавга околу орешката што беше на меѓата: и едниот тврдеше дека му припаѓа нему, и другиот; започна жолчна караница во која обајцата се избодија со ножеви и обајцата подлегнаа на раните; ги закопаа во гробиштата еден крај друг во семејната парцела - како браќа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ќе нема веќе кавги меѓу нивните семејства...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)