казни (св.)
Пред очите наши, затрепкани в уплав, тој беше демон што сечеше тела; на одмазда гласник да казнува секогаш решен насилни, пљачкашки дела.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Ако религиозните и националните пропаганди не посакаат да го воведат нашиот јазик во своите училишта, се разбира дека само таму каде што живеат Словени, и ако им забрануваат на своите учители и попови да другаруваат со македонската интелигенција и општество од другите пропаганди, тогаш македонската интелигенција и народот, без разлика на пропагандите, треба да изнајдат пат со којшто ќе може да се казни таа пропаганда.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Бегај, сотоно. Горниот ќе те казни.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Другпат, кога ќе те казнат, ќе те пуштам порано.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Но, не беше тоа страв од проклетството на претците: со последниот свој здив пашата веруваше дека алах нема да казни никого, кој згрешил поради љубов!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Ги казнувате дрските?“ И додава: „Потребно е да свикнете со можноста робот да си го побара она што сте му го одзеле. Тоа го велите дрзост?“
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Дежурниот офицер ја извади книгата заповеди и почна да чита: „ЗАПОВЕД“ „Ѓорѓи Делчев, јункер од ова воено училиште, за давање недозволени книги за читање на јункерите, кои беа в затвор, се казнува со пет дена строг затвор.“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
За тоа време тој беше казнуван неколкупати.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
А ако се дознае дека некој го прикрива и го чува за голтарите шумски, веднаш и најстрого ќе биде казнет и ликвидиран. Јасно?
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И нека е проколнат и за навек омрзнат и казнет оној што се одродил од народот, секој подлец што предавнички му пришол и му служел на непријателот и го оцрнил името на борбата и слободата што еден ден ќе грејне над целата наша земја ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Нѐ сослуша, а потоа нѐ истера зборувајќи дека ќе нѐ казни.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Секое нејавување, дезертерство, бегање - се казнува.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога дознаа од управата за какви бесмислици го користиме времето, дека тетратката во рацете само за маска ја држиме, веднаш беше забрането шетањето крај ѕидот, а секој оној што ќе се обидеше повторно да го мери беше најстрого казнуван.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Знаеше татенцето, ако сакате некого да казните, ако сакате прописно да го казните, за целиот живот, тогаш разделете го од она што му е најмило.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Кога ќе го фатеше реумата, по скалите од куќата се качуваше и на нозе и на раце, та кога ќе го видеше жена му од Мил, ќе речеше: - Сигурно господ не му ја зема душата сѐ додека не го престори во куче како што му го направил на светецот Кристофор за да го казни за гревовите...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
На судењето нејзиниот адвокат рече: Силувањето е најтешко дело; најтешко нешто што може да ѝ се случи на жена; тоа е шок што остава тешки психички траги... Затоа барам најстрого да се казни...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Никој не ја казнува смртта што те забидела.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Надојдени матни води урнувале мост помеѓу два брега. Така и се случило Кара-Демир попаднал во некој дервишки ред да се боде со клинци и големи игли со диви молитви, како да се казнува за предавство кон исламот или кон долгогодишното пријателство.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
— Зошто ме казнуваат вака, велам, зошто уште ме мачат?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но ако згрешат, сами ги казнуваме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)