калашников (м.)
Заишкаа по ластовицата, ги навртеа пиштолите, калашниковите борни коли и скорпии и пукаа со злост и злоба по птичето.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Пред казбата стоеја неколку транспортери, вооружени војници со калашникови. Траги од државниот удар.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мигум ги снема и војниците и полицајците со пушките со бајонетите и калашниковите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нашата резиденцијата беше целата опколена: војник до војник, секој со пушка со бајонет или калашников во рацете.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имаше и неартикулирани бандити од планина кои до вчера стискаа на чкрапалото од калашњиков, а сега стискаа на копчето за гласање.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
И сите си знаат, па се подготвени, освен мене: шнајдерот излезе со „Калашников“, го исправи и испрати три-четири рафали во небото.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)