канџа ж.

канџа (ж.)

Претчувствуваше или виде плен во нејзините канџи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Најпосле јастребот го исправи својот лет и се упати кон брестовата шумичка на ридот, носејќи ја во канџите својата жртва.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога повторно ги отвори очите јастребот веќе го држеше во своите разбојнички канџи невиното гулапче. Пердуви летаа на сите страни.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Но нивното цврчење нѐ потсеќа на нешто што е толку мило и скапоцено: далеку сме од канџите на оние што го зграбија Колета.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како што Змијата ѝ дозволува на темната грабливка да ги забие канџите во нејзиното виулесто тело, оплодувајќи ја со сината крв жедната почва, како што Загреј, парчосан од синовите на Уран, повторно се раѓа, уште помамлив и постраствен во светлината на мудроста, така и тие, загадочните рицери, непомирливи бунтовници против Законот што потценувачки го дели боженското од земното, минувајќи низ она што го нарекуваме стварност, се претопува во треперливата прегратка на духот, засекогаш млади, неранливи во своето жртвување...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ќе живее низ другите, низ нивната жед, опседнатост и занес или низ нивните страдања...во неговите златни орелски канџи и белокоста на лавот здружена со ѓаволот и светецот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но, „Маргина“ фура понатаму („Човековиот живот е само низа фусноти по маргините на еден огромен, неосознатлив ракопис“). Грепкањата на нашите скрибомански канџички можеби само ќе ги слушнете, бидејќи го немате оној бетмен- поглед што ги пробива „централните“ опни.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Луѓето-Леопарди со железни канџи ги раскинуваат човечките тела на парчиња, кашлаат и стенкаат...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Catwomen - си помисли таа - ми растат канџи кога ќе ги залепам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Всушност, жената го натера своето дете да го подаде бебешкото раче кон нејзе како таа сега да е некој ѕвер без канџи до кој вашето дете може да се приближи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не го сторивме ни во Бјуик Осумката на мајка ти каде што бројаница се обвиткуваше околу ретровизорот како монистрена црна змија со сребрени канџи во форма на крст.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Орелот ги заби острите канџи во моето нежно тело. 89.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Баш чудно. Машината за шиење токму има ужасна канџа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Откако ќе попаднеше во канџите на Партијата, тоа што човек го чувствуваше или не го чувствуваше, тоа што го правеше или се воздржуваше да го прави, не менуваше ништо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога сака нешто да каже, бидејќи не може, само ќе се изнасмее со некакво зеење, ќе ја зафрли притоа главата назад, и продолжува да влече. Рацете му се канџи, суви и крвави.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По неколку недели, можеби година, го нашле шумарот во длабок дол со ископани очи и искрвавено лице како од ѕверски канџи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Залудно е да го стега перото, залудно е да зјапа во месечината, оти канџите на Нечестивиот му се закачија во срцето и тоа сега крвавеше со сомнеж, со тага и со безнадеж.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога ќе затропаше некој врз клепалото на порта, таа веќе не брзаше низ авлијата за да ги тргне канџата и резето, - тоа сега го правеше робот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Потребно е нешто жестоко - канџи, клунови грабливци барем малку ветер да претрча во фонот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе