касни (несв.)
Такви сме ние, помислував, се качуваме секогаш во возот за кој се знае дека касни, а за долгото возење и за задоцнувањето на целта ја прогласуваме виновна судбината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Простете, се плашам дека ќе ве изненадам. Ми касни вниманието.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
По доаѓањето на директорската позиција на наведениот господин – започна драстичното кршење на работничките права, каснењето со исплатата на платите, како и неплаќањето на придонеси за ПИО.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Чоекот надлежен за мењавање вода сигурно го стрефило пролив па каснеше цели 20 минути.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Изненадувачки е тоа што и покрај немањето доволно финансиски средства, односно нередовната исплата и каснењето на платите, меѓу вработените во ССМ имаше одлична комуникација и работата течеше прилично добро.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
13. Оваа година прв пат не ме касна комарец. Не е на арно.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Автобусот каснеше десет минути. Задоволна и уморна седнав на клупата и запалив цигара. Ѝ заблагодарив на госпоѓата што ми ги причува торбите.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)