кауција (ж.)
Пауна Радевски. Ја водиме со нас, како кауција, како гаранција.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пари немаше и поднесе молба делото да не се става ад акта додека за извесно време не присобере пари за да вложи кауција.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Судот направи пресметка колку ќе чини експертизата и побара од Китан да вложи половина од таа сума на име кауција за да може да отпочне експертизата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
XV Китан правеше напори да собере пари за да вложи кауција во судот за да дојдат експерти од Факултетот во Белград за да се направи сондажа на тлото од куќата, но никако не можеше да собере толкава сума.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)