качак м.

качак (м.)

Оттука Качак почна да заостанува, да `ржи и да го проѕира мракот со пламенот на комитските очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Качак! грлено го извика неговиот стопан кога го виде како заостанува веднејќи ја големата глава, обрастена со сребреносиви влакна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Рифат од Острец над Битола се соортачи со Расима и ги прати неговите качаци некаде по Арнаутлакот и тие за неколку дена донесоа секој по две три пушки, купени по половина лира или опљачкани од колибарите; Рифат му ги продаде на Раифа по лира, a овој на Митрета по две.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, ние со Андона намислиме да одиме некоа ноќ кај Слива, да и дочекаме ниа качаците од Мусинци, Ерековци, Канатларци и Острец, шо му и зимаат ќесињата и добиците на пазарџиите, и ако можеме некој да оплескаме, да не и јадат сиромасите. Таа е наша работа засега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ниа Мусинските, Остречките, Канатларските качаци, нема пазар да не излезат горе по Слива и да не и оплачкаат нашите пазарџии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Соништата се јавуваа одвреме-навреме, но доста го мачеа: еднаш некои непознати луѓе, извиткани во лицата како качаци, му влетуваа во куќата, го глабнуваа детето и бегаа со него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А Делин, гледајќи ѝ го лицето и телото издраскани, го земаше коњот и пушката и вртеше по сета планина да ги бара качаците.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Татко му Силко, кој постојано шеташе низ полето и во светулките ја бараше душата на постариот син што му загина во претходната војна, го молеше да си седи дома, да не се зајадува со качаците.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А кога снема виткани цигари, почна да продава дробен тутун. Качак.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А стариот Курназ, кој продаваше купечки цигари а и качак под тезгата, како и по некој весник, ама владин а никако опозиционен, ја држеше трафиката благодарение на ногата што ја немаше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Размислував дали да застанам зашто од добронамерници бевме предупредени дека има качаци кои со закана на пиштол тераат да ги возиш на југ до некој од големите грчки градови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)