качкет м.

качкет (м.)

Кузман седеше на својот маслен качкет и тромаво џвакаше семки од тиква.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Беше снизок, со смачкан, одамна износен качкет и со шарена, очигледно за туѓ грб шиена кошула.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој беше екстравагантно облечен. Со некаков качкет, сиот брадосан, со една торба, веројатно со реквизити за цртање.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Оттука не те спасува ниту сто и првиот живот на некој си фраер измислен во книгите – процедува дибекот со качкет – Во триаголниците ја собравме твојата немоќ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Заменикот на Водачот носи на главата качкет и облечен е во нешто како униформата на кинеските раководители, макар што со Кинезите Албанците конечно расчистија на сите полиња.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе имаше кој да те полева наутро, да ти го прифаќа кожениот качкет кога го симнуваш од главата“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Гледал народот со чудење и страв во отворениот гроб, а таму лежел Сане Сандин со качкет на главата, со црвен минтан, со чевли од мукава на нозете.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пелагија се облече во пљачките на Димостен, ги навре неговите војнички панталони и блуза, партизанската капа ја замени со качкет и секое утро од подрумот излегуваше егејски партизан а не мома, а таков партизан и се враќаше од планината.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Имаше и еден качкет, изгмечен како питулица, не од ние купечките во На- Ма туку од Панче шапкарот од преку мост, па тој не зафаќаше ни случајна празнина во раницата, а можеше да покрие гола глава на планински дожд.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога ме посети минатиот пат Даскалов носеше летен качкет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прилегаше на окапен глушец, а окрвавени од пиење очите му светкаа под качкетот. Заби гнили и ситни.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Рангел излезе, со качкет намолкнат дури до уши, го зеде подрака Коча, и двајцата тргнаа в село.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој го сметна сега и качкетот и го кладе на колено, како да сакаше со тоа да рече: што ме мислиш ти мене?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Хајдегер не ја разбираше баш оваа луда трка на зелките, не знаеше колку време сака зелената зелка да стане кисела зелка, расол и како што не беше сигурен дали новиот качкет му е тамам така и шепотејќи сам си се прашуваше дали навистина секое мисловно мислење е поезија и секоја поезија е мислење?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)