квадратен (прид.)
Долго копавме. Неколку квадратни метра во длабочина од педа веќе беа изровени.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Под малото уво спојот на квадртната вилица беше ниско паднат како да сакаше да ја пробие кожата.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Имено, повеќето од нив беа Мариовци од селото П’чишта кои оваа година ја откупија планината од Селим-бег од Солун за триста и седумдесет гроша – дваесет квадратни километра борова, букова и дабова гора со не помалку рудини и пасишта, за да не им клава бегот сточари Власи и Мијаци, а нивната стока да умира за вода, паша и од жештина долу крај селото.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ќе се расправиме со него во една ноќ и целата оваа територија ќе ни биде слободна. Не е мала. Сто квадратни километри.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Овој плоштад се шири на огромно пространство, на повеќе стотици квадратни километри.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овие извори се покриени со стаклена површина од 878 илјади квадратни метри, а топлата енергија се разнесува низ многубројните оранжериски блокови преку цевки долги 150 километри.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Таа претставува грамаден откинат квадратен блок од алуминиум, кој со својата естетска поставеност си го нашол своето место во средината.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ја тргнал раката од чело и се загледал во треварите, едниот Никола, со шилесто лице на стар и мудар лисец, другиот, Пандил, нешто малку покус и со набиена глава во квадратни раменици на кои, без тој да почувствува тежина, можело да се смести по една вреќа овес.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Воздухот во малата квадратна просторија над ѕвоната беше топол и застојан и силно смрдеше на измет од гулаби.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Парадоксот беше во тоа: тие, надвор од циркусот имаа сѐ, ја имаа целата планета, милиони и милиони квадратни километри; ние, во циркусот имавме круг со радиус од одвај дваесет метри, а сепак го имавме целиот свет (сум пресметал дека, според формулата πr2, тоа е само површина од 1256м2.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во прво време тука ќе расте шума на површина од три илјади квадратни метри.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Немаме ниту една квадратна милја слободна територија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Списанието беше од голем формат, речиси метар квадратен и беше вистинско чудо како неповредено по пошта стаса во Скопје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Лево и десно од улицата послана со свеж асфалт, ред стојат долги згради со сиво - бела фасада, високо -квадратни прозорци со железни шипки, големи, искривени врати.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Авторот не наведува колкава количина железо и олово во исто време и на истиот простор чија површина изнесува 5 километри во должина и 2 километри во ширина ( 5х2= 10 квадратни километри) фрлија минофрлачите, тенковите, артилеријата и пешадијата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Навистина, ние работиме во заеднички простор од дваесетина квадратни метри, но сепак, Вртанов ми е потчинет.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Македонија е расадник од умови. Земјата со најголем број „интелектуалци” на километар квадратен.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Но затоа пак, одлично ја пресметуваше плоштината. Секој милиметар квадратен.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Дворот од неколку квадратни метра, со разгрането стебло на кајсија во средината, крај кого наместо маса беше легната макара од кабел со неколку јасикови трупци наоколу прилагодени за седење, Ханка го делеше со осумдесетгодишниот пензионер од „Металски” Боро Симески кој по смртта на својата сопруга го продал станот во Тавталиџе, им ги поделил парите на двата сина, и се сместил во приземната барака со една соба и кујна, веднаш до нејзината.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Јана се насмеа. - Дали сакаш да ти кажам ланци или јутра, или во метри квадратни. - Дај кажи во метри квадратни.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)