квачи несв.

квачи (несв.)

16. КОГА Е В ТУЃИНА И СОКОЛОТ ГО ВИКААТ ВРАНА - не оти на туѓинците со јазик неразбирлив им грачи, туку оти со крилјата поткастрени тој таму и станал но бела врана на другите птици јајца да им квачи...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Дрвјата на ридот од Профим натежнале и дрочат: сонцето легнало на нив и ги квачи; небото е проѕирно, блеска како вода и не дава да се гледа во него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Ех, тој е од големото Добро Утро, ќе рече некој од луѓето по патот, по цел ден квачи јајца.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Утрото земам да работам. Тој уште квачи, а јас работам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ти го насадат јајцето и оди после чуди се, квачи го со месеци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали по здивот ме позна, по мирисот на телото што го квачело, а може само така ми се стори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овој го избегна одговорот на прашањето како го пуштиле од интернација, а самиот го праша директно Пискулиева: - Што мислиш ти да правиш, мислиш ли уште да квачиш овде кукавички јајца?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Седам и квачам дури и не знам Дали ќе е ова уште еден Циркус Принтипрам* И дали ќе се испили беден или вреден стих од ова што се мачам доцна во ноќта – ѓупка кога напрегам гради и срцето тихо тупка во оклоп од коски А мојата душа расчленета Ко Лајбницовите Монади Моли: – наслони се стиху на моите мисли ко дете на мајчини боски 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Петлите премногу ги ангажираат кокошките ”се топорат врз нив и ги исцрпуваат”, рече таа, така што, кутрите, одвај имаат време да несат јајца и да ги квачат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)