кесе (ср.)
- Топло ли ти е кесето - за ништо не бери гајле... - постојано ги учеше Карче синовите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И уште ми даде во кошничето и едно кесе макарони.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
На крај градот Федерико го запре и му го даде празното кошниче од јајцата. Внатре имаше и едно кесе со макарони.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кој бега од крстот, вели, бега од бога, бега кај ѓаволот, вели и вади кесе тутун жолт, жолт како дукат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тоа многу го разлути Ибрахим бег, го зеде кесето и уште во истиот миг му го предаде нему, на Максима.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Првин му беше наредено да каже кај ги сокрил парите што ги собрал божем за ѕидање црква; Кај мене се, бргу, рече: извади од пазувите едно кожено кесе и му го тутна в нозе на Ибрахим бег Јаузоски; Сите земи ги, бегу, викаше, само не оставај да ме понижат ајдутиве.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
...тој е во полумрак, до ѕидот, завртен со грб, делумно засолнет од масата со пепелник, кесе полно со јаболка и грамофон на кој се врти блуз.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Носи две маски, обете машки, едната насмеана, другата тажна. Ја задржува на себе тажната. Насмеаната ја фрла преку кесето со јаболките.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Оди до масата, зема од кесето јаболко, загризува со уживање. запознавање... F-дур Тој е висок убав маж во избледена облека, црномурест, со брада, има црвена линија на вратот: - Простете, ве молам...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Љубовникот, со полно кесе кикиритки, ги посетува трите Ани во наивните три круга од креда: Ана во првиот круг е матурантка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Или да се примени гестот- Унковски: сѐ дур не покажете сериозен респект при одврзувањето на кесето - „кој ви ебе матер!, не пипам ништо!“
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тетка ми Оце, Дена и јас се стискавме одзади, меѓу патните торби, кесиња со храна и играчките на Дена, и не ни беше којзнае колку удобно, ама ништо не можеше да ни го расипе доброто расположение.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
„Вие сте не само во Македонија туку и до Љубљана познати“, ласкаво ѝ рече Едо и пак се ведна кон торбата од каде што извади шише вињак и го остави на масата кај кесето со кафе.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
За да го смири своето љубопитство, повремено, ја шлапнуваше својата дланка врз пластичното кесе со блокот. Го погалуваше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се сеќавам како во градскиот автобус ги броев станиците до дома, стискајќи го кесето полно со книгите од чичко Раде.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Од пасошот ја извади адресата од својот другар од војска, Марка Кравата, кој сега беше во Канада и ја стави во кесето на сигурно место.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кој ми земаја шест златника од кесе?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Еднаш, док бев малецак, у дворот на нашата стара куќа, у нужникот најдов, скриено под даска, едно кесе пуно сос пари.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Кога Влаинката ја соопшти нажалено веста дека сепак не успеала да најде ни млеко, ни бибер, иако имала богати комшии, Марин Крусиќ извади некакво кесе со темно-кафени зрна од торбата и, со кралско движење на голем занесеник, објави дека им носи кафе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Неисчешлан, со неизмиени заби и облечен во стари зелени тренерки, ги грабна кесите што се прелеваа од корупки јајца и мирисаа на паштета, ја отвори вратата и симнувајќи се по скалите ја здогледа неа.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)